Епидуралот е локална анаестезија, не е исто со целосна, која ја користат за киретажа. Сепак мислам и тоа не е никаква пречка. Можеби ќе треба само да измолзиш првото млекце после опојката. Тоа лекар најдобро ќе ти каже. Што и да одлучиш е само твоја одлука. Немој да се чувствуваш виновна. Многу трезвено размислуваш. На децата им треба задоволна и среќна мама. Ќе биде се во ред.
Мила ич да не ти гајле, а најмалку срам. Луѓето и да си совршен, ќе оговараат и ќе даваат секакви коментари. Твој живот-твоја работа. Многу трезвено размислуваш околу цела ситуација и во овој момент ТИ си најважна! Слушај си го разумот и направи како што мислиш дека е правилно, немој да се обвинуваш и да си правиш да ти биде уште потешко. Ти си силна и храбра жена, не го заборавај тоа! Знам дека сè ќе биде во ред и сè ќе помине, пишувај ни затоа што те мислиме. Те гушкам
Како да има бледа линија, повтори го на денот кога треба добиеш или почекај да ти касни барем еден ден
Пред колку време си породена предходно и како сепороди? Јас останав бремена исто непланирано после 8 месеци од предходен царски рез,размислував да направам прекин реално не сум психички спремна , ми рекоа дека поголем ризик имам да ја прекинам бременоста бидејки раната е тазе многу, плус е од втор царски и дека е подобраопција да го задржам и така решив да го задржам. Размисли убаво и консултирај се што е најдобро за твоето здравје.Јас стигнав до 13 недела.
Истиов тест го правев и јас, исто вака бледа.... За 2 дена го повторив - линијата веќе јасно се гледа.
И јас ја гледам линијата, јупииии!! Честитки мила, од сѐ срце ти посакувам лесна бременост и уживај сега во периодот што следи - велат бил еден од најубавите.
Фала ти многу мила сите кои чекаат да си дочекаат дај боже и ти што побрзо да си ги дочекаш 2те цртки
@Hijabigurll честитки, со лесно. @Nikolina35 честитки и кај тебе, многу ми е мило. Лесна бременост да си имаш.