Девојки, после колку време е најдобро да се направи тест за бременост и кој? Немам правено до сега, а конечно почнавме да се обидуваме.
Смирено разговарајте си со сопругот и одлучете со ладна глава. И секако че си напраете како ви одговара а не можам да разберам како може да пишуваат вакви ствари у пораки....
Ти си знаеш најдобро, никој од нас не е на твое место. Најважна си ти и само ти. Која и да ја донесеш одлука, верувај исправна ќе е. Те гушкам
Девојки дали одма после позитивен тест правевте бета? Јас сакав одма да направам ама докторката ми вели да се стрпам една недела и сега не знам дали да правам или не, место не ме држи
Јас сум кралица на паниките па затоа сакав бета да правам Денес треба да не добијам а осеќам грчеви за добивање и од 7 сакав да трчам в лабораторија ама сопругот ме искара да не паничам. И сега не знам што да правам, не знам што е нормално а што не е и нонстоп си ги анализирам симптомите
Ќе ги осеќаш тие грчеви и најнормални се. Во телото се случува огромен процес. Такви грчеви и понатака е многу веројатно да осеќаш од што ќе се шири матката и за тоа се препорачува да се пие магнезиум. Јас бета не правев, направив тест и после две недели отидов на преглед и слушнавме и срценце. Но, ако мислиш дека бетата ќе те смири направи. Инаку нема сомнеж дека си бремена. Со среќа и да си дочекаш живо и здраво бебе. ❤️
Да не ти е на мисла, штом си и решена оди направи бета, ќе ти се смири психата А за симптоми се е нормално, не се грижи Ајде те чекаме со висока бета