Фала ви девојки, многу ме смиривте Уште едно прашање, може е малце глупаво ама прва бременост ми е. Како се сметаат неделите? На апликацијата ми пишува дека сум 3+6, тоа значи дека сум четврта недела или трета?
На интернет вели дека просечна вредност на 17ти ден од овулација е 132 mIU, односно вредноста за бремени во 4та недела треба да се движи од 5 - 426mIU . Провери пак за 2 дена дали ќе се дуплира и консултирај се со лекар, по мене вака е сосема ок, мислам дека немаш простор за паника.
Јас мислам дека си супер не се оптеретувај, релаксирај се, чајче, природно сокче, фолна киселина, филмче, музика, гали мешко, уживај во пролетта и што понастрана од форумов - во смисла не читај и не собирај секакви информации само стрес си правиш. Закажи си прв преглед и уживај <3
4 полни недели, утре почнуваш да ја трошиш 5тата. Бетата е супер. Провери ја како расте за два дена. Го носиш името на ќерка ми во никот. Ти посакувам лесна бременост и живо здраво бебенце, брливо како неа.
Девојќи фчера требаше да добијам менструација ама не добив, меѓу тоа денес направив тест испадна позитивен, според календар сум 4 недели +2 некако брзо останав бидејќи имав мисед во декември на 11 недела+4 за жал. Прашајнето ми е дали може во ехо да се види плодо на 4та недела