Добро утро девојки. Во четврток навечер направив тест и го споделив мислењето со вас. Во петок направив sure chek кој испадна негативен меѓутоа се откажа како многу неточен тест како што кажаа и некои од вас. Денеска од сабајле со прва утринска направив уште еден. Што мислите за разликата, дали доволно потемнува линијата според вас од четврток навечер до недела сабајле и кога е најсоодветно да посетам гинеколог?Имам како менструални грчеви одвреме на време и голема болка во градите... Извинете на долгиот пост,досега освен со сопругот, само со вас споделувам. Фала ви на секој одговор. Во прилог се сликичките од тестовите...
Супер е. Бетата расте. Со лесно. Овие касетки од 25ден се ептен точни. Не мислете дека е ефтин и не чини. Сензитивни се, мерат вредност над 20.
Се согласувам, струја се. Ептен бледа и мене ми фати. Рамо до рамо стојат со фрух тест и селф клиар иако цената им е 5 пати помала.
Кога имав вонматерична и мерев стално бета преку крв и вака со овие, сигурно направив вакви над 20. Се додека бетата не падна под 30, они детектираа бременост и тоа со било која мокрача, не само утринска.
Супер, честитки.. Од денес за 10дена на ехо.. пред тоа џабе ќе одиш нема да се види ништо. ( и да има ќе биди само сакус, и ќе се разочаруваш само) 6+ рачунај да бидиш за ехо
Јас овој го купив 100 денари од една аптека во Кочани... Кај нас толку ефтини тестови или нема или не ги даваат незнам зошто... Досега никој не ми понудил таков тест а и искрено незнаев ни дека има се до вчера кога ми кажа некоја од девојките на форумот. Фала ви за одговорот. Имајте убав ден
Фала многу, знам дека е така, бидејќи имам долг циклус и со првото детенце беше исто, не се гледаше воопшто ништо, но лани во март бев повторно бремена и имав спонтан абортус и сега некако се плашам да чекам толку долго, а и повторно имам грчеви во долниот дел од стомакот па ќе се консултирам со мојата матична кога би било најдобро да отидам... Убав ден имајте ❣️
Cestitki, linijata si e super se duplira za razlikaa od drugiot. Testot skap si go platila 100 denari , jas istiot go kupiv 25 denari. Vo Zegin ama neise vazno e pozitiven iskreno se raduvam imaj si skolska i ubava lesna bremenost
Ги фрлив. на почетокот каде што почнува црвено малку појде и застана не обои ниту една линија. А се супер по упатството направив. Ќе купам нов