Не си ги фрлај парите џабе, многу е рано. Почекај барем уште 2-3 дена и направи со утринска мокрача. Со среќа.
Ви благодарам девојки. Ми кажаа дека овој покажува рано, па затоа. А и имавме многу тежок период, во паника и стрес бев постојано и некако сите надежи ми се да имаме бебенце. Ќе ви пишам штом направам пак.
Абе кај се фрла тест одма, се врти на сонце, на блиц, се расклопува, па пак се гледа на сонце и блиц Ај пак прави за два дена да видиме дали сме во право
Аааа се вадат и од канта. До три пати, значи фрлаш па го вадиш, па ти текнува пак, па пак го вадиш и така А разочарување никако, ако не овој месец следниот ќе се израдуваме
Како ти е убаво така прави си, се шалам јас. Мене пример тоа ме смирува. Со силна психа, се да се знае сега и одма, се да се има под контрола...
Па ако имаш бледа црта од кога ќе го извадиш од канта, правиш одма друг, и на тој ако има, праќаш маж во аптека да купи пак тест и да го направи тој со негова урина, не дај боже да не се дефект нешто тестовите па сите да се со бледа црта И така..
Не ми текнало на ова, мора да признаам, левел про Леле лиги ми потекоа за правење тест. А денес сум 3 дпо
здраво срцки направив тест 7 дена после незаштитен однос но негативен а имам розево кафеав исцедок веќе 3 дена и од денес ми се лоши, после колку денови да повторам тестот
Зависи на колку денови добиваш. Може и овулација е. Почекај уште некој ден, ден два пред циклус повтори го тестот.