Хахах ќе ме натераш и мене да почнам од недела со тестови. Ептен рано ја фати браво! Господ да ве чува и да си гушкаш бебенце на зима.
Абе болкиве ме натераа иначе ќе истрпев барем до 10 дпо. Вчера и сабајлево апла менструални болки. Плус и ногава... изгледа ќе кривам цела бременост Дај боже што побрзо кај тебе и кај сите што чекаат, догодина сите со бебиња во раце Претпоставуваш, не можам да се израдувам како што треба и да се опуштам, душичево стегнато... ама со верба и надеж одиме напред.
Скоро имаше биохемиска така? Јас после спонтан сосем непланирано останав бремено. После 2м, се помина во ред. Така ќе биде и кај тебе. Не се плаши.
Missed имав на 28ми декември. Престана да се развива плодот, остана на 6-7 недели и без срцева, а веќе требаше да бидам 9 недела. И сега прв месец обиди, после два циклуси. Се надевам на убави работи, дај боже
Добро е, мислев дека само јас сум откачена со тестирањава. Се тестирав сабајле негативен. Денес или утре НЕ треба да добијам. Мин пат на 27 дена добив, сега еве немам. Па ќе видиме. Иако цел ден сум нервозна како пред добивање.
Ах стравот ќе си биде присутен до крај за жал. Ама важно е надежта дека овој пат сѐ ќе биде добро да го надвладее. Јас минатиот пат ги имав сите можни симптоми, ама од страв од негативен тест чекав точно 14 дена дпо. Сега ќе видиме како ќе биде.. Симптоми не знам дали имам или психава си игра со мене од преголема желба. Имам минимални cramps во стомак и мала болка во половината. Мнооогу е рано кај мене, ваљда негде 5-6 дпо, па препишувам на психа.
Фала ви жени, ви посакувам што е можно најбрзо кај сите Јас сум во неверица, ептен е рано па ми идат мисли да не е тестот расипан Ќе видиме.
Јас имав мали болки на 5-6 дпо месецот кога останав бремена Така да те чекам со две цртки за многу брзо
Исто и мене минатиот пат на 5-6 дпо ме болеше кичма, после тоа почнав често да мокрам, па брадавици да ме болат на допир и слично. Комедии ќе сум деновиве со преиспитување на симптоми осеќам. Фала ви девојки, се надевам ќе се дружиме во поубавите теми наскоро.