Аааа сакам близнаци, а баба ми има сестри близначки, значи имам и предиспозиции И во натална, ми стојат близнаци (иако не верувам многу во тоа). На 15ти ден имав позитивен тест за овулација, мерев и базална и на 16ти ми ја даде и Fertility.
Лелеее и јас колку сакам близнации, а сите околу мене викаат дај боже близнаци... Море само да останам бремена, па што биде нека биде, само живо и здраво
Што направивте жени инвазија со тестовите, колку рано фаќате бременост- браво. Честитки кај сите, со лесно и убаво до крај.
Мојот тест изгледа бил априлилили, овој сега негативен. Невкусна шала Немам мир сега па ќе вадам бета. Ама така и ми треба, кој ѓавол ме тераше да правам тест на 7 дпо. Изгледа оној истиот што ме тера цело време да се фарбам во друга боја, што на крај нема да ми стои и ќе плачам.
Мила или бета, или направи покасно ама со друг тест. Денеска со прва ли мокраќа го правеше? @Shekjerna има линија, лесна и школска бременост.
Со прва да, истата фирма на тест како тој вчера, друг немав. Ќе правам бета да не се замарам со тестови, гледаш ме лажат и тие Само не знам дали да одам денес или утре на 9 дпо.