Има, честитки, баш ми е мило. Многу убава вест, некое време те читам во темите дека сакаш бебенце и сега се израдував како за блиска.
Аа се израдував многу Гледаш бидна, само треба трпение и верба да се има и ќе биде. Честиткииии, да си имаш леснa бременост
Јас ја гледам Многу ми е мило за тебе се израдував како за другарка знам дека желбата ти беше голема ете ти се исполни. Честитки и со лесно до крај те чекаме во труднички
Деновиве има многу позитивни тестови, се надевам ќе продолжи синџирот на среќа и сите ќе постираме 2 цртки @QweenSM да си имаш лесна и школска бременост!!
Ја има мила се гледа баш се радувам за тебе ептен ми е мило повтори го за два три дена пак појасно ќе се гледа те гушкам
Бескрајно ви благодарам на убавите честитки мили мои. Ние сме сеуште во шок, до толку што уште еден тест направив и пак убаво се гледа втора цртка На сите ви посакувам ваква убавина, ќе биде кај сите, сите ќе станеме мајки! Ама рано ја упецав бременоста ама градите ми беа знак, едноставно знаев! Се јавив на докторката, ми закажа потврда на бременост другиот понеделник, едвај чекам Фала ти Боже!! Ќе станам мајка, не ми се верувааа!
Честитки мила @QweenSM! Кога пиша толку рано дека те болат градите, ми мирисаше на две цртки. Ајде си имаш лесна и школска бременост и да влечеш нога и други да ни се придружуваат во труднички.