Не се рано направени тестовите. Ако имало нешто ќе покажело досега, освен ако не се рабпти за мнооогу доцна овулација. Сепак најдобро е консултација со гинеколог.
Искрено се плашам да се радувам да не се разочарам ќе почекам до петок ако не добијам ќе закажам на гинеколог. Ви благодарам држете ми среќа!
Нели требаше да добиеш на 8-9 март? Кога доби? Што се случи? Како сега на 6ти ти касни 4 дена? Да не се имаш збунето нешто? Не се вознемирувај, ќе биде се во ред.
На 4ти добив минатиот месец од циклус до циклус имам растоание 25-27 дена. Бев на гинеколог тогаш ми рече овој месец ќе треба да добијам на 1ви,2ри и да по календар така ми испаѓа нема ништо. Инаку за прошлиот месец да кажам дека нели имав бледо розева крв на гинеколог ми кажаа дека имало биохемиска бременост за жал се исфрлил плодот и ми дадоа апчиња за полесно забременување, овој месец требаше да испитам хормони за бременост воопшто не размислував само чекав да добијам за да завршам работа и со испитувањата но еве ништо. Ќе ми биде смешно ако сум навистина сум бремена ќе биде вистина " кога најмалце очекуваш тогаш ќе останеш бремена " затоа што овој месец ни 1% немав таква мисла. Иначе сигурно не би се збунила за самата себе затоа што си запишувам тоа и тебе те читам редовно и би ти препорачала да не правиш веќе тестови затоа што бев иста како тебе. Претходниот месец само за тестови потрошив 4 000 денари, а овој месец си ја нијансирав косата со тие пари. Среќна и задоволна. Поздрав до сите
Да, претпоставував дека била биохемиска зошто имаше малку покачена бета. Мислев да не си се збунила случајно со датумите. Како и да е нека ти е со лесно, ќе биде добро овој пат Јас сум среќна и задоволна секако. Не ми е стресно што правам тестови, напротив, ме смирува и интересно ми е (се уште ). Парите не ми се проблем, фала му на бога. Добро, до 4.000 не сум стигнала уште. Мислев на бременост, исто правев тестови, за овулација и за бременост, па останав трудна во ноември. Не верувам некако во тоа "не мисли и ќе биде". Само нека даде бог кај сите
Вчера вечерта добив Да ми заврши директ на гинеколог зошто се исплашив премногу, не од бременост туку да не има некој проблем..
Не се плаши, се случува да задоцни циклус од многу причини (стрес, промена на клима, хормонски пореметувања, лекови итн). Секако најдобра е консултација со гинеколог
Дали ти доцни? Мислам на сабајле со првата утринска мокрача да си го повториш, утре задутре и ке си видиш како потемнува.
Направи си ако сакаш уште еден за два дена ке биде потемна црткава, и закажи си на гинеколог за две недели да си чуете срценце
Здраво девојки, имам нередовна менструација и денес ми е 34ти ден (последен однос беше на 29ти Март). Тестот го правев вечерва, ве молам за мислење. Фала премногу