Јас мислам дека треба да размислиш дали ти одиш на гинеколог.... Оти мислењево ми личи на мислење од адвокат или книговодител. Да го рачунала ко менструација бе
Јас кога имав биохемиска, крварев околу 10тина дена ,без болки, докторот ми рече ,се чистиш. Следното крварење ќе ти е менструација, ова не . И добив после 15 дена од крварењето од биохемиската.
Да не те плашам, ама уште полоша варијанта од биохемиска е вонматерична. Тоа само добар доктор ќе види. Барај доктор кој ќе ти обрне внимание .
Еве членкиве од ск да ти препорачаат некој гинеколог за матичен, да те прегледа,ако си од ск. Јас не би оставила ова вака. Башка Дафи е во право. Не дај боже да е вонматерична. Ти треба сериозен гинеколог да те следи. Ако ти е матичен нема ништо да ти наплати.
@Yeeah мислам да одиш на клиника кажи дека имаш болки излажи нешто и ќе те примат ќе те прегледаат штом немаш можност да одиш на приватно. Не оставај вака.
Девојки закажав за утре во 11 ипол кај друг гинеколог, без проблем ми рече ќе ме прими одма. Ќе ве известам што сум направила,ви благодарам на сите.
Ние активни и овој месец Добив на 31 март, симнав календар. Месецов од 9ти секој ден имавме незаштитен. Вчера и завчера medium шанси покажува. Денес шансите ми се high и повторно имавме. Кога да направам self clear тест најбрзо што може? Не сакам како минатиот месец да фрлам пари на тестови и да се потресувам, но нетрпелива сум. Извинете што сум досадна, но ми значи вашата поддршка.
Истата апликација ја користам, ама не беше најпрецизна кај мене за плодни денови. Увидов откако направив овој месец тестови за овулација и покажаа дека овулирам порано. А тест можеш да правиш таму некаде 28, 29ти. Just to play it safe.
Многу е жолт некако тестов, се гледа нешто како сенка,би требала и бледата да е по розева оваа некако на сиво мава, повтори уште еден тест со првата мокрача сабајле и ке видиш поубаво.
3-4 дена одприлика, немам редовен циклус. Ќе купам утре дигитален за посигурни резултати или да одам да вадам крв?
Ах девојки... Си го гледам тестов, се надевам утре убаво ќе си поминам кај гинекологот. Мора ли да е толку тежок патот до бебче, веќе година дена како се обидуваме душава ме боли понекогаш кога го гледам и мажми како се надева и колку е упорен и колку ми е подршка...Сега ќе се вселуваме во нов дом сами ќе живееме имаме причина за славење но некои мисли тешки многу ме мачат... Зошто мора да е вака ...Никогаш до сега не ми каснело а еве веќе 13ти ден. И крвта бледа што ја имаше скроз престана(тоа ми е добар знак)... Ви посакувам добра ноќ