Здраво девојки, по прв пат и јас во оваа тема. Вчера сабајле направив тест по 1 ден доцнење, од оние од Алиекспрес и јака втора црта добив, не верував на сопствените очи и направив уште еден. Нормално си реков можеби затоа што е ефтин не е точен па го направив и овој на clear blue. Предходната менструација ми доцнеше скоро 2 недели (верувам од бустерот). Затоа што сум луда и имам многу тестови нарачано направив и денес уште еден од тие од Алиекспрес и сите од вчера до денес се со јака црта. Во вторник имам закажано да потврдам, сепак се секирам. Можам да се радувам?
Доцна овилација може си имала, не паничи одма, смирено само. Инаку докотрката ми кажа по овулација, точно за 14 дена се добива или се случува најубави најубавото позитивен тест. Телото било така програмирано. И викам како да знам точно кога ми е? Ми даде одговор ако секој месец ти е точна точна, пресметај 14 дена уназад и добиваш. Мене и не ми баш точна секогаш и неможам да фатам.
Е ајде да видиме можно е, кас дека сум во исчекување затоа а гледам дека е бледа незнам дали ми се причинува или и ти ја гледаш? Дека пред 2 месеци имав биохемиска и сега незнам што да правам имам и страв дека можеби повторно ке се случи истото од каде да знам веке не сум паметна
И мојата беше таква, бледа на 2 дена доцнење и дури на 5тиот ден доцнење имаше убаво видлива линија. Доцна овулација е во прашање, не се секирај . Повтори го тестот за два дена со прва утринска и ќе видиш дека се ќе биде во ред. Јас терам 7ми месец бременост веќе со таков тест П.С Мојот тест на 2 дена доцнење
Моја препорака земи си од обичните касетки од Зегин околу 30 денари се, мене Селф Клиар ми излегоа негативни а касеткиве позитивни. Потоа со нив си следев и бета.
Дали некој ја гледа бледата линија? Се појавила после 10 мин таман да го фрлам. Последната менструација ми беше 13.04 ми подрани два дена а денеска трет ден како доцни. Многу ми се лоши, одбивност кон храна и осеќам како дека ќе ми дојде а гледам бел исцедок. Инаку не планираме бебе ниту свршување внатре. Си правев крвна слика имам ниско железо ни на крај памет бременост. Зарем е можно сепак да сум бремена?