Не гледам линија, а и ако не свршил во тебе нема логика да си бремена. После 10 мин може е евапорациска. Напрај си утре со утринска уште еден или евентуално бета да си помирна.
И јас неможам да најдам логика како би била бремена кога ниту еднаш не сврши внатре. Имавме често односи и во плодни денови ама со ејакулација надвор. За првото се обидувавме година дена со следење плодни денови фоликули и триста чуда.
Мислам дека грешна ти е пресметката, ако си добила на 13ти април, денес е прв ден да ти касни, што е многу вообичаено, а одбивност кон храна и лошење се јавува накај 5та недела бременост, и да си бремена нема шанси такви симптоми да имаш уште сега.
Не си во право јас имав гадење една недела пред да добијам менструација и одбивност кон храна,бев кај моите цело време се наткревав одма ме заприметија.Секоја бременост е различна,вториот пат кога останав ниту еден симтом немав,еднаш од трилече ми се лошеше.
Така сметам бидејќи ми доаѓа на 28 или 29 дена . Имам вртоглавица и многу ми се гади воопшто не ми се јаде .
Можеби, ама многу поретко е, обично гадењето почнува накај 5та недела, пред тоа може да е од бременоста секако, но може исто така и да се поклопи со нешто друго или дури од анксиозност.
Ај види пак, денес е 29ти ден, може воопшто не ти касни, а вртоглавицата најверојатно ти е од железото, не се секирај
Бев настината со растечен нос, пиев тајлолхот еднаш ефридол поради силна главоболка. Ја дојам и ќеркичката која веќе е 2 години
Женски пак јас последен циклус на 11.04 требаше во понеделникот на добијам на 09.05 сеуште немам добиено правев 3 теста сите негативни дали постои шанса да сум бремена а тестовите да не покажат? И да напомрнам имам намалрна функција на тироидна ми открија пред 1 месец пијам таблети дали е можно од нив да ми доцни менструацијата или постои шанса за бременост ве молам некое искуство,незнам веќе што да мислам прв пат ми касни во животот и да кажам дека се обидуваме за бебе повеќе од пола година
Не ти касни од лековите за тироидата. Јас имав намалена функција и само што почнав со лекови (Еутирокс) останав бремена. Можеби си имала доцна овулација па затоа тестовите се негативни, никогаш не се знае. Ако за 2-3 не ти дојде оди на лекар.