Имам нередовен циклус и зашо ми касни решив да направам тест од овиеLaboquick , негативен си беше. Само не знам да не е рано некако 4 дена откако касни. Се мислам утре (1 недела откакако ми касни) да направам уште еден од поскапите, за мирна глава потребно ли е? Овие Laboquick би го детектирале на 4 дена каснење хормонот? (Иначе понекад ми касни и преку 30 дена, на неколку месеци така)
Лабоквик детектираат и пред да ти касни, е сега кај тебе е проблемот што ти е нередовен циклусот... Рачунај 15 дена од ризичниот однос па направи тест за да си сигурна.
Има поминато, најчесто имам 30 дена циклус и понекад (1-2 пати годишно, плус ако сум била болна нешто) и тогаш знае да прескочи. Али фала ти за ова што ми го кажа за лабоквик!
Исто да си прашам, 2 дена лесно крварење, со полна дневна влошка можно ли е да е некаква си менструација? Да беше имплантација мислам ќе се покажеше позитиврн тестот до сега.
Чим и така ти доцни, нешто не е океј. Си испитувала ли од што ти е така со мензисот? Хормони си проверила? Може и мензис да било тоа, а може и циста да си имала и да пукнала..
Цел живот се мачам! Прво бев погрешно дијагностицирана со инсулинска резитенција. Демек тој хормон бил океј ама според некоја равенка не бил. Пиев апчиња кои ми го дорасипаа телото и ослабен ненормално. Од слабеењето комплетно го изгубив циклусот некое време. После решив да побарам второ мислење и ни кажаа дека го немам тоа ама не знаат што ми е, на ехо сум имала цисти. После во приватна болница уште еднаш нови резулати сум немала тоа, а и цистите од ПЦОС ги снемало. После ми се поправи малце ама кога и да се разболам или каква било промена било храна или клима ова се случува.
Исто и еднаш имаше обратна случка, крварев 3 недели. Тогаш се гледаше дека имам цисти и дека од тоа било. Имав 13 тогаш и беше ко сценарио за хорор филм.
А тироидни хормони и тироидна си проверила? И јас бев со нередовни циклуси (по 3м знаеше да не ми дојде), цисти имав и случајно преку испитување на хормони од гинеколог откривме дека TSH ми беше покачено. Потоа проверив се комплетно и испаднав дека сум хипотиреоза со хашимото... Од кога сум со терапија за тироидната имам точен циклус (ептен знае само 3,4 дена некогаш да ми закасни), цисти немам ич.
Гинекологот може да ти даде упат за хормони да провериш и ќе нагласиш дека сакаш и TSH да се провери, може и тој хормон за тироидна да го проверат со упат од гинеколог. А ако сакаш само сите тироидни хормони, мораш прво да одиш кај специјалист интернист и тој ќе те прати со упат комплетно да си ја провериш само тироидната...
А колку најрано овие лебоквик можат да тестираат бременост? Дали ќе каже точно 2 недели после односот или боље се други? Има поише поминато ама за друг пат да знам
Направив уште еден тест, исто си беше негативен. Го проучив упатството добро и пишуваше за нерегуларна менструација (што мене 2 пати годишно ми се случува) да се тестира 18 дена после односот. Имаше и повеќе поминато. Дали ова значи дека немам причина за плашење веќе?
Фала ти! Читав дека лутеалната фаза е подолга кај жени со нередовен циклус, ваљда затоа пишуваше после 18 дена.