Неколку дена пред циклус во 99 посто од случаите ќе ти покаже негативен и ќе сакаш пак да правиш после закаснување. Џабе пари и стресови, почекај си барем 1 ден да ти доцни
Здраво девојки, што мислите? Имам симптоми и неможев да издржам, направив тест Laboquick 5 дена пред да добијам. Тестот е ваков затоа што го отворив за подобро да видам.
Се гледа нешто многу бледо но незнам како да се меша некоја сенка подобро да го направиш наутро сепак хормонот тогаш е најмногу присутен или најдобро еден ден откако ке ти задоцни
Ако е сивкаста (а не светла розе), негативен е. Се појавила евапорациска од испарување од мокрачата. Повтори, но најдобро почекај уште некој ден..
Здраво Последен циклус 08.05.2022 година со оглед што не добивам точно секогаш ми доцни односно добивам на 32- 35 дена , правев тест денес ама незнам дали ми се причинува нешто како да гледам ептен бледа цртка втора.Неможев да ја доловам баш на слика во живо се гледа некако повеќе од тука на сликата Што мислите Инаку имав вонматерична во јануари со операција и изваден лев јајовод.Минатиот месец пак пробавме и сега сум во паника што ќе биде и дали ќе биде и дали се ќе биде во ред Може поврзав малку,што мислите,инаку тестот не е правен наутро.
На 18.2, а за некој ден не можела повеќе од 100 да отиде, во матка ништо не се гледа. Мене на бета 1600 не ми виде ништо во матка, за 3 дена на 2900 веќе виде сакус. И да видела нешто докторката не било плод. Едноставно е невозможно. Во матка се гледа веќе над 2000 бета. На ден после овулација тест позитивен, хммм... подобро провери си хормони.
На овој и контролната линија многу бледа. Или тестовите не се во ред или е од многу урина што е ставено. Во секој случај земи од друга фирма, освен селф клиар. И ставај само по 3 капки мислам дека беше урина.