Другите беа невалидни ама овој личи на позитивен. Сепак за да си сигурна земи Лабоквик од 30ден и веднаш ќе ти покаже.
Овој личи на позитивен а другите не валидни мој совет да земеш друг тест само не шурчек последно искуство шурчек негативен потоа тест најевтин нз како се викаше 25 денари беше позитивен
Здраво сакам мислење за тестов дали е рано да се радувам или е позитивен ..Однапред ви благодарам на одговорите
Здраво. Да ве прашам бетата ми беше 133, вториот пат 18. Пред да го направам вториот тест преку крв на ехо го видовме со докторот многу е малечко,но сепак се виде. Докторот вика дека вториот резултат бил мн низок но ќе сме виделе во понеделник. Боцната сум завчера со инекција прогрестерон и примам терапија утрогестан. Ве молам дали на некоја и се случило вака па после третиот пат да е висока бетата? Многу се исплашив,а крварење обилно немам ептен ептен малце само наутро при бришење и ми рече докторот дека тоа ми е засирена крв од претходни менструации. Ми доцни 7 дена. И одма уште прв ден штом ми закасни се јавив на гинеколог. Читам по англиски форуми дека можно е и ова да се случи, а после третиот пат многу повисока да е бетата. А и ме чуди како може со толку мала бета да се види, ехото беше вагинално. Благодарам.
Јас досега не сум слушнала некој да видел бременост на 133 бета, обично на ехо се гледа на над 2000. А тоа дали се случува на трет ден бетата да е повисока, може само ако вториот пат резултатот бил грешен, инаку треба да се зголемува.
@Yeeah немаше биохемиска сега брзо? Извини што прашувам, знам дека и тогаш беше слична ситуација и дека не доби циклус после намалувањето на бетата. Му кажа на докторот за претходната бременост? Може треба да се испита нешто повеќе.
Нема шанси на вака ниска бета да се гледа нешто на ехо и мн. е битно секој нареден ден прогресивно да расте вредноста тоа укажува на добро развивање на плодот.
Добив циклус после неколку дена. А инаку го сменив гинекологот и ми даде да направам испитувања и требаше да почнам со хормонска терапија но кога јас забременив. Тогаш на ехо ништо немаше и ми беше многу тенок ендроментриумот за разлика од сега каде што е здебелен.
Извини ама и јас првпат слушам со толкава бета да се гледа плод. Кас со бета 131,5 на датумот за добивање зборав со двајца доктори и никој не сакаше да ме види на ехо бидејќи било прерано и немало ништо да се види. Мислам да си одиш на друго мислење.