Здраво, ја што немав избор и се затрчав купив два теста селф клиар(ќора ја во аптека) па си велам можда нема да ме прелаже пак. Завчера беше негативен и си викам добро можда е сепак рано но имам чудни симптоми цела недела посебно последниве два дена со мачнини гадења нагони за повраќање, отечени гради и така денес го напраив вториот уште одма втора линија бледа два дена пред циклус. Но не знам дали е баш тоа тоа или уште игра мајтап фирмава што ги произведува тестовиве пошто и во февруари добив и појака розе линија а добив после тоа. Што мислите може сепак да е евапорацоска по сликава пошто више ми се смачи и од тестови и на работа не можам да си ги извршувам работните обврски од што ми е лошо?
Има бледа да. Се надевам дека е нова серија, а не онаа што дава лажно позитивни. Нема потреба да ти кажувам дека не си требала да купуваш ваков тест. Земи утре Лабоквик или Би Сејф и ќе видиш на што си. Со среќа!
Има бледа ама заради сите случки со Селф Клиар како што ти кажа и @Bella_Stella земи си Лабоквик за да бидеш сигурна. Пуштам среќичка
Има бледа ама можеш да си земеш еден од најефтините сепак тие се најточни или можеш преку крв да си испиташ тоа ти е најсигурно... Држиме среќа за позитивен резултат
Напраив лабоквик излезе негативен што значи овие селф клиар се отпишани од мене. Стресови само добива чоек вака и да му се смачи.
Абе не ги купувај веќе крај е со нив. Јас ги трубам по аптеки, другарки фармацевтки, нека си ги повлечат од продажба, нека интервенираат и нека реагираат таму кај што треба. И не е ова евапорациска линија, евапорациска треба да е сива, ова е розева линија како за во ептен рана бременост. Знам како е, ама и ти си требала лекција да научиш, зошто пак да се разочаруваш вака? Надевај се додека не добиеш.
За два дена треба да добијам ама имам мачнини, нагони за повраќање, отечени гради до сега пред циклус никад не ми било ништо вака ми беше само со првата бременост на почетокот.
Ќе направам утре пак, мене ми беше што имам од минатата недела симптоми и чекав до сега а и работата ми е малку тешка ко за жена, па за на време да можат да ме префрлат на друга позиција.
Ти благодарам. Не ми доцни за 4 дена треба да добијам. Пресреќна сум,не можам на очиве да си поверувам.