Минатиот месец добив на 15ти, еве денес точно месец сеуште немам добиено, а веќе 3 дена имам симпѕоми за добивање... на 13ти имав многу малце кафеав секрет на бришење... за разлика од обичен циклус до сега имам многу болка во градите... дали е рано да правам утре тест... не ми е прва бременост ама некако ми е страв од негативен
Па зависи на колку дена добиваш ако добиваш на 30 или на 28 можеш да направеш тест сигурно ке ти покаже
Не. Најдобро следната недела кон 25.07, освен ако крвариш или имаш неподносливи болки во стомакот тогаш одиш веднаш на лекар (матичен или итна).
Некоја од вас да користела clear blue тест за бременост? Искуства со тестот? Американски бренд е мислам, го нема во мк, мене од таму ми го донесоа.
Јас го имам неколку пати користено, мислам дека покажува убаво рана бременост, но знаат и доста често евапорациски да се појават. Најубаво ако имаш дигитален
Епа тоа ми беше зборот, дали се познати по евапорациски. Видов многу бледа и тенка цртичка отпосле на неколку дена доцнење, така да 99% е евапорациска. Фала ти многу
Не мора да значи дека е евапорациска. Сликни ако го имаш тестот и стави тука. Ти пуштам мноооогу среќичка
Ириске Нема шанси да не е евапорациска. И по нет читав искуства дека праи вака. Многу е тенка и бледа за да е вистинска. Башка што праев друг, тој скроз негативен излезе. А јас уште без мензис. Еве слика у сполјер ќе ставам. Спојлер