Овој месец циклусот ми каснеше 7 дена со тоа што на 5 ден направив тест а на 7 ден добив. Не сум во мк за да направам бета, додека одам на гинеколог имала ли некоја слична ситуација?
Можеби е биохемиска бременост настанала направи уште еден тест да видеш дали линијата станува потемна посветла или веке ја нема
Не веќе не може најверојатно е била бихемиска пак се консултирај со доктор ама од мое искуство мислам дека е тоа
Има, погледни во темата тест за бременост колку се разочараа со тие тестови, шур чек и уште еден не ми текнува како беше.
Има и лажни позитивни... Блиска моја па имаше биохемиска, негативни тестови, а бета и беше позитивна. Немора да значи дека било биохемиска. @Bubu 95 ако било биохемиска бетата ќе падне додека се вратиш..
Дали тестот што го правеше се вика Престо? Имав читано за нив дека даваат лажно позитивни ррзултати, во Мк ги нема мислам, само во странство.
Mislis? Imav edna bremenost koga napraviv test na denot na dobivanje bese zar crvena. Pijam dabroston po preporaka na doktor zatoa go napraviv testot za da go prekinam ako e negativen.
Рано ти е за жар црвени црти. Тестот ти е позитивен. Ете повтори го утре ќе видиш дека цртката ќе се затемнува.
Јас поминав 3 биохемиски штом си добила веќе ништо не може да се види единствено што се гледа е задебелен ендометриум а со тоа не може да се потврди бременост во овој случај бременоста се гледа само преку крв, јас лежев повеке време во болница за да следат да видат дали ке се појави нешто во матката но немаше ништо едниствето бета што растеше и наеднаш падна
Позитивен е. Честитки. Јас имав вакви тестови, па дури и побледи оти се отепав правејќи, не ми се веруваше, па и мала бета имав ама правилно се дуплираше, еве сега ја полнам 10та недела
Здраво женски, неколку дена правам тестови еден беше со бледа линија останатите негативни но сите ги правев попладне или навечер вчера дури повратив и пак правев тест доцна вечерта и беше негативен некој prego check ми доцни 5 дена и имам симптоми што досега сум ги немала, земав сабајлево laboquick и ми искочи вака позитивен планирам да одам на лекар во пон има ли шанси да е лажно позитивен