да си била десет недели бремена и те како на обичен скрининг се гледа,со вагиналното е само по прецизно.Tестовите исто така ти дале негативни резултати ,а ти се уште си убедена дека си трудна(со редовна менструација) и тоа десет недели ,ти од што сакаш да си,почнуваш да се убедуваш дека си.Tи останува уште да си ја разрешиш дилемата дали си или не си со бета хцг тестот.
Девојче, колку што знам темата е за тестови за бременост (ок, јас и друго прашував, но што е тука е) и за прашања. Не реков дека треба да знаете, туку само прашував за мислења, искуства и слично. Тоа е и поентата, нели? А и ако не знаеш, никој не те присилува да пишеш нешто. Оф, Господе. Фала на ситее Се надевам дека се ќе биде во ред
Дали некој има искуство со лажно негативен тест? Вчера правев на 1 ден доцнење и ми излезе негативен. Сеуште ми нема дојдено, а досега никогаш не ми доцнело (а немав никаков стрес овие 2 месеци ). Да го повторам тестот за 48 часа или само да си чекам да се врати матичниот гинеколог од семинар па да закажам термин? П.С Со мм се надеваме на позитивен
Можеби си немала никаков стрес, но дали си била болежлива, настината или во состојба да примаш антибиотици? И тоа може да го оддолжи циклусот. Лажен негативен резултат и те како се случува и тоа мнооогу почесто од лажен позитивен (кој е навистина редок). Повтори го тестот за 48 часа или уште подобро, направи бета hcg тест на крв кој е најефективен во откривање на рана бременост и нема да мора многу долго да чекаш, како при повторување на овие тестови. Со среќа!
Немав дури ни симптоми на настинка, не примав антибиотици (дури ни обичен аналгин се немам напиено) затоа ми е сомнително доцнењево, а негативниот тест уште посомнителен . Ќе го повторам тестот утре, а доколку пак излезе негативен ќе направам проверка преку крв. Морам оваа недела вака додека не се врати матичниот (нетрпелива сум многу ) Девојки ви благодарам и на двете за брзиот одговор
Девојки и се има десено на некоја од Вас и покрај два негативни тестови да е бремена?????? Мислам дека е уште рано за гинеколог ќе почекам уште некој ден, ама ме уби ова мислење, не сум стрплива .... Ми децни еве веќе 10дена ... позз и имајте убав ден
Здраво. Вака, имавме со дечко ми односи и сврши неколку пати во мене минатиот месец и тоа во плодни денови. Последната моја менструација беше на 03.03.2014 и денес е 3 јас сеуште немам добиено. Направив 4 теста за бременост и на сите 4 ми се појави бледо розева линија на 2 беше малку појака на 2 послаба но сепак се појави. Имам редовни менструации ми иде на 28 или 29 ден а денес ми е 32 ми доцни 3-4 дена. Појдов на гиниколог ми рече дека сеуште е рано за да се види дали сум бремена. Ми рече дека од моите плодни денови до денес имаат поминато само 17 дена и дека во матката не гледа бременост и ми рече да појдам другата недела во петок. Но јас сум нестрплива многу сакам да знам па би ве замолила доколку некој има некое вакво искуство да ми каже. Благодарам однапред.
Дани, мислам дека нема потреба во сите можни теми да го постираш прашањево. Провери во темата „Бременост или не“, ти одговорив веќе на прашањето.
Здраво ве читам подолго време би сакала да ве прашам утрово во 6 часот а треба денес да не добијам но се посмневав бидејќи овие денови често мокрам па утрово направив тест од кој за две три минути се појави втора бледа многу тенка линија, и не ми е јасно сега после 7-8 часа од тестот ја снема втората линија а досега ја имаше во двоумица одвај чекам да поминат неколку дена да го повторам тестот имал ли некој искуство со ова незнам што да мислам
Па штом се појавила сигурно има нешто.Купи Sure Check тест и ќе бидеш 100% сигурна, се прави во било кој дел од денот и немора да чекаш да помине време точен е веднаш по 1 ден штом ти касни околу 150 денари е .
Имам скромно едно искуство со Clear Blue, дигиталните, како маркер што се, најновите. Мислите ли дека може да се употреби 2 пати ?? Не дека планирам, имам резерва, земав 2 од братучеда му на маж ми, па разговаравме на темата вели дека можело повеќе од еднаш но јас не верувам. Сепак, се отвара сомнеж по кратко време се повлече испишаното на екранот, не остана. Знае ли некој, или ќе треба да пробам од љубопитност кога ќе дојде време ??
Не знам точно што марка на тест е, но на некој си пишува дека резултатот е валиден само во првите 10 минути, а после тоа не е валиден без разлика дали се работи за позитивен или негативен. Значи ако така пишувало на упатството, тогаш тестот ти е позитивен бидејки е важен само резултатот од првите неколку минути. Бледа, тенка линија значи почеток на бременост, сеуште нема доволно хормон за дебела дрвена линија. Со среќа
Viola e марката на тестот па и на тестот пишува до десет мин е валиден тестот после не важи ама втората линија се појави за две три минути ај максимум да речам пет текна како влакно но чудно ми што после 7 саата ја снема и јас сега купив клиарблу дигитален па ќе видиемо за некој ден
Провери во упатството на тестот би требало да пишува, или на интернет пребарај, или пак оди во аптека прашај. milamila988, после 7 часа е бесмислено да гледаш резултат, кога јасно си пишува дека е валиден само првите 10 минути. Мене и после половина час ми се имаше појавено втора па знаев дека не е валиден. Почекај уште некој ден па направи го и тој дигиталниот, иако мислам дека си бремена. И сега да ве прашам, бидејќи првпат слушам за тој дигиталниот тест, која цена е и на кој начин функционира?
Мислам дека ниеден тест за бременост неможе да се употребува два пати. Незнам какви се новите...јас правев Clear Blue пред два три месеци, го купив околу 170 денари и пишува дека неможе да се употребува два пати.
Мислам дека е од најновите, не сум сигурна дека ги има кај нас. Ги имаше, незнам дали ги има тие неколку генерации пред овој и беа прилично солени, од 600 до кај 800 денари зависи од кај ќе ги земаш. Во секој случај, за тој што планира дека ќе се исплате да го зема, кажува и ако си колку си. Резултатите се : бремена ( за недела ) , 1 до 2 недели, 2 до 3, 3 + недели и нема бременост.
Епа ептен светска работа, ама сепак срце би ме здоболело толку пари за тест за бременост да дадам, кога ќе дознаам и за 100 денари.