здраво девојки дали знаете некој случај или некоја од вас да нема болки во градите а сепак да е бремена? 12 ден ми е после овулација до сега што прочитав сите имале болни и тешки гради, јас на пример ги имам сите симптоми освен болни гради на допир а приметив како да ми се зголемени се надевам дека сѐуште е рано
Мене тоа најсумливо ми беше кога останав бремена, градите воопшто не ме болеа, а секогаш пред циклус ме болеле, така да сè е можно.
пак јас.. утринава правев laboquick и ми покажа негативен (можеби бидејќи пред да легнам пијам премногу вода), потоа правев со втора урина (исто laboquick) и ми покажа позитивен ама бледа линија за да се осигурам направив уште еден исто бледа линија ми покажа... сега не знам дали да се радувам или сѐуште е рано
јас би требало да добијам или недела или понеделник, уште е рано затоа си реков да не се радувам на празно
Честитки и радувај си се слободно. Единствено ако не ти се верува можеш утре да се боцнеш и да си провериш преку крв Со лесно
фала милааа вчера правев hcg обичен тест кај матичен беше негативен и земав упат за бета така да планирам во понеделник да проверам.