Не те сфатив, како мислиш никако Селф Клиар. Од најтазе искуство кажувам. Со висока бета и преку 15 теста направени, сигурно не ми се лажно позитивни Се вратив наназад, со лажно позитивниот тест мислењата на темава се од август.
И мојот на селф клиар беше позитивен, ама вистина имаше и многу членки на кои што им покажуваше лажно позитивен, фабрички не беа ко шо треба, мачка во вреќа е кој ќе се погоди точен.
Во аптеките Бети Фарм има тестови за бременост на Livsane. Земи го тој со розевото капаче (додуша мислам и само тој го имаат моментално), и тој е за многу рана детекција.
Можно е, не велам не, но оттогаш можеби и нови тестови донеле, можеби некаде останале од старите тестови и сл. Тоа претпоставувам дека со секој тест може да се случи. Баш многу теста направив од Селф Клиар, нијанси имам со линијата, со денови ја следев како се затемнува од речиси невидлива до најтемна и навистина ни еден не ми се погоди чкарт. Ете мене можеби аптеката ми се погодила, сите од исто место ги купив. Едит. Кажувајте по аптеките ако се случува такво нешто, би требало да ги повлекуваат.
Јас не реков дека не е можно да даде точен резултат ама со него ти е буквално лотарија, како ќе ти се погоди, а порано важеа за едни од најточните тестови. Пола година тука имаше членки со лажно позитивни резултати, сега веќе никоја не го зема, баш од тие причини и сите преферираат Лабоквик или Би сејф бидејќи се ем евтини ем најточни.
Што среќа ќе беше штом сум имала толкава среќа со 15 теста со ред, а нема ниту еден неисправен Шега на страна, не е дека никоја не го купува. Овој период нè има повеќе со реално позитивни тестови од Селф Клиар, па можеби го разбивме малерот што ги затерал тестовиве.
Позитивен ако е секако ја бои парцијалната. Затоа веројатно и ти биле точни. Да е тргната серијата, тешко. Едвај лекови повлекуват, не пак друго. Можеби е само потрошена. Работата што и кај негативните тестови се појавуваше обоена парцијална.
Глупости значи, не е баш фино така да видиш позитивен тест, а да е негативен. Нормално дека ќе се изгуби доверба во производот. Се надевам дека нема веќе такви тестови.
Како што кажа членката погоре, ако е позитивен секако ја обојува тест линијата бидејќи детектира бета хцг, проблем е што појавуваше линија и кај девојки што не се бремени.
Вчера 9дпо и 9ти ден после инсеменација правев тест на кој гледам ептен светла светла линија....Денес тестот не го повторив, ќе почекам уште ден два па ќе правам нов....Иначе 6 дпо ноќта имав остра болка( која ме разбуди од спиење ) во десниот јајник каде што имав голем фоликул, градите страшно ме болат,сношти веќе неможев ни да спијам странично..... се надевам сето оба ќе донесе позитивен резултат
Здраво. Треба да не добијам на 23ти, дали ќе ми покаже преку крв денес или утре ако правам тест? Ич не ми се чека..
има ли некоја на 10 дпо да направила тест да покаже негативен после неколку дена да испадне позитивен. правев на 10дпо и тоа не со прва мокраќа . испадна негативен .денеска треба да недобијам . цел ден имам де пецкања во јајници и слаби менструални болки и никако да ми дојде.