Здраво девојки. За два дена треба да ми дојде. Имам редовен циклус. Прв пат правев вчера сабајле дигитален тест со првата утринска урина и тестов го сметам секако за негативен, но очекував доколку е негативен да се појави само минус како што е и објаснето во самото упатство,меѓутоа над минусот и под минусот има линии како за плус. Според упатството уредно го направив и не би требало да е невалиден,евентуално нешто е како така поради самиот дисплеј. Чисто ме интересира доколку некоја од членките има искуство со вакви тестови. Од срце на сите ви посакувам две цртички или едно плусче исцртано. Ви благодарам.
девојки ова евапорациска не е нели? вчера требаше да недобијам. а овулацијата според календар ми беше на 04 . ама јас ја сетив според болката ми беше на 05 вечерта. имав покасна овулација малку. на 10 дпо правев шур чек ама беше негативен и реков не правам додека не ми задоцни. вчера целд ден имав слаби менструални болки и пецкања во јајниците.
Тестот вака е негативен. Е сега, за најточно да видиш расклопи го тестот и побарај ја лентичката внатре со цртките, доколку на пример има премногу слаба втора линија бидејќи тестот е дигитален може да не ја регистрира. Најдобро е обичен тест да земеш и да провериш со него. Ова не личи на евапорациска. Честитки
Iris-1234 ти благодарам на одговорот. Го отворив тестот и сепак изгледа за негативен па ќе почекам уште неколку дена и ако ми закасни ќе направам повторно тест.
Негативен е, ама дигиталните не се толку осетливи, земи обичен. И, не го расклопувај овој, дигиталните секогаш имаат две линии, независно дали има или нема бременост.
Нема сликичка во упатството како би изгледал позитивен тест? Јас претпоставувам дека доколку е позитивен како што е исцртано минусчето, исто би било за плусче. Најдобро обичен да си земеш да не му ја мислиш многу
Може јас сум грешка ама сум гледала на интернет дека имаат две линии само во случај на бременост. Единствено може да е многу рана бременост и линијата да не е толку јака за да ја детектира и да покаже позитивен резултат. Пак ќе речам, лично не сум ги користела, сето тоа го имам читано од искуства на странски форуми и од гледани видеа
И јас ова од читање, скоро гледав видео, дигитален тест негативен, а расклопен со две линии и одговорот беше дека секогаш има и втора линија. Во коментарите една напишала дека и мажот и направил тест и неговиот имал две линии Најарно е да си земе обичен, да не е пак во недоумица.
Хахахаха сè е можно Најобичните тестови се најдобри ама кога човек е во исчекување мисли дека ако повеќе плати, побрзо ќе се израдува. Иста бев и јас, на крај кога не очекував да имам позитивен тест а сакав да се тестирам земав најефтин за да не фрлам веќе пари и си видов две цртки
Јас не можев да издржам и сабајлево направив селф клиар тест и негативен излезе. Се мислам сега да направам преку крв или утре. Сабајлево имав силни болки како добиено да имам, а градите не ме болат како пред добивање... само напната сум како пред добивање. ич немам трпение значи. Треба да не добијам на 23ти
Ајде сега радувај се! Знам дека вистински ќе се радуваш дури откако ќе бидеш сигурна дека се е добро, но можеш да се опуштиш. Со лесно!