Кој шок му правите на телото кога забременувте после 3 месеци од пораѓај.. Ццц постои кондом, ова не е нормално ама чим за вас е ок правете дете после 3 месеци од царски. Кој доктор ќе ви рече браво..Се знае треба најмалце 2 години да поминат за повторна бременост не 2 месеци .
Има цртка.Еве и јас правев сабајле шур чек ама после десетина минути ми се појави цртка но некако сивкаста е мојата.Незнам по колку време читање тестот шур чек е невалиден,дали има правило.Дај боже да си труднечка,повтори го тестот за неколку дена,јас утре треба да добијам но еве чекам..
Значи не сум улава, добро е Инаку, имам читано многу жени имале вака ептен малку приметлива и после некое време, па сепак биле бремени Се надевам дека ќе ставиме тест со ептен убава обоена линија и двете, те гушкам и чекам слика
Се гледа нешто бледо, во живо сигурно е повеќе. Ако најдеш некои поевтини тестови прати ситуација деновиве со утринска урина. Инаку за мутациите и боцкањето не се плаши има време, во смисла што порано тоа подобро нели ама имаш простор да почнеш и околу термин на недобивање. Јас сум иста ситуација, па дознав дека сум бремена на еден ден доцнење, преглед правев за 3 дена пошто фати викенд и од тогаш почнав со клексани и аспирин. Еве фала богу терам 15+ и се е во ред.
Да мила во живо повеќе се гледа, инаку имам Лабоквик, ќе направам за 2-3 дена пак со утринска Е фала ти многу, ми олесна. Јас колку што знам ми е кажано и од Јани што порано толку подобро, ама еве линијата не е толку јака за да се боцнам Ќе ви сликнам пак тест за неколку дена, па здравје тогаш ќе се боцнам
Супер е што го најдовте проблемот, не се секирај спремна си овој пат се ќе биде во ред. Стискам палци деновиве да ни пратиш нов тест со жар линија Инаку и јас сум за уште утре да правиш, лабоквик ќе покаже сигурно и јас со тој правев, покажа на вечерна урина Исто и мене ми кажаа одма да се боцкам после позитивен тест, ама никој не напомена да правам порано тестови и слично. И спомнав и на матичната и на трансфузиологот што ми даде извештај ги прашав дали е во ред што ќе почнам 4 дена од позитивен тест, и двете ми рекоа дека сум таман на време се уште е многу рана бременоста и да не се секирам.
Благодарам за одговорот. Правев денес преку крв и излезе негативен. Сеуште не добив, никогаш не ми каснело, може од стрес сега. Ако не добијам и утре ќе купам од тој тест.
Зошто ќе збудалам.. цел ден во трчање немав можност за да купам тест од никаде имав состаноци дел ден.Еве доаѓам дома и после 20 мокрача овој ден земав лавоквик и еве што ми излезе ама после десет минути пак не беше брзо со линијата.Дали тоа значи дека не е валиден и не се чита веќе?Последна на 22 септември.Видете погоре слика пред некој ден со шур чек правев на пладне.
Мене ми личи дека тестот си е во ред, линијата е розова, не е сива за да биде евапорациска. Ми мириса на бебе
Искрено се напнав премногу овој месец од порано со тестови.Бевме вредни цел месец инаку немам надеж а преголема пуста желба за бебе си го прави своето.После вонматеричната и изваден јајовод оваа година се докрајчи само лоши мисли И сега си викам нека доаѓа веќе да знам или ќе полудам искрено.
Аууу никако такви лоши мисли, знам колку ти е тешко ама мораш да си позитивна. Утре наутро како што ти кажа и Бела, повтори го тестот. Мислам дека ќе се израдуваш