Значи и после 7 дена доцнење на менструација тестот ми е негативен. Последна менструација ми беше на 24ти октомври. А се повеќе ми се повраќа и некако тешко ми паѓа незнам дали да се израдувам или не, но сигурна сум дека има нешто. Му пишав на гинекологот да идам на преглед во понеделник. Инаку пијам Аспирин и метилирана фолна. Идам на работа физичка работа. Претходно останав бремена но добив спонтан бидејќи плодот ми беше ниско спуштен,тој период и се разболев но тогаш имав и крварење пред да се случи се тоа сега се е во ред но душава не ми е мирна зошто уште не покажува на тест ајде најверојатно ќе ми даде докторот да испитам бета. Периодов бев малце психички падната ми се имаше увртено во глава дека нема да можам да останам бремена и сега кога ми се случи ова незнам што да мислам ниту добивам ниту на тестот е позитивно а менструацијата секогаш ми е точна ова прв пат вака ми се случува.
@Yeeah Не се оптеретувај,знам нестрплива си но ако посакуваш бременост биди смирена.ќе си испиташ бета најубаво.Дај боже да е позитивна. Инаку може да доцни од стрес,од некои лекарства,промена на средина и разни ситуации ..така да неможеш да знаеш што е Сепак е многу рано некогаш некои тестови покажуваат позитивен резултат дури на две недели доцнење.Биди со позитивна мисла,одмарај,опушти се и дај боже да се израдуваш на бременост
На колку време добиваш? Пошо јас добивам на 25-6 дена и тогаш можно е да има резултат ама ако е на 28 некако не ми е верно, иако тестот е позитивен. Не знам.. повтори со дриг тест утре пак.
Доколку е се во ред, стресот и огромната желба за дете влијаат на психата, a со оптеретена психа тешко се останува бремена, најдобро опушти се, не мисли на дете, не мисли дали е се во ред или не е, уживајте со маж ти секој втор ден без да мислите дали сега се фатило или не, на крај ќе се изненадиш. На една недела доцнење не би требело да покаже негативен тест во случај на бременост, освен ако си имала касна овилација ама чим добиваш точно секој месец, ќе покажело.. не знам немам искуства со негативен тест и покрај бременост, еве сигурно некоја ќе ти одговори подобро,но и да нема бременост, послушај совет.
Читав дека Self clear биле катастрофа сега тестовите, па се мислам кој тест да го земам?. Инаку сум со ивф
јас сум користела sure check и fruhvital ми го препорачаа од зегин. Не пробувам да останам бремена, напротив. Го користев во саботата sure check и вчера fruhvital и двата покажаа негативни. Денес бев за крвен тест и чекам резултати за сигурно а трет ден ми касни. Се надевам да е негативно. Инаку fruhvital ми кажаа дека е дефинитивно точен
Da ne na pharmavital testot? Mozhe da go sliknesh? Ako e istiot, odamna ne sum go videla da go ponudat
го имаа и self clear и прашав кој е подобар и ми го препорачаа тој од фармвитал. Во друга аптека истиот ми го препорачаа. Во Бугарија ми го фалеа sure check (дека таму живеам) и зато тој го користам исто. На некоја и дал позитивен резултат sure check и дури ден пред да и дојди
Девојки да ве известам дека нема бременост туку цисти. Утре ќе идам да ми напише терапија докторот. Ми рече:зошто се нервираш бе толку душо? Што е со цистиве? Ве молам кажете како се средува тоа? Не сум запознаена. И се уште не сум добила веќе 10 дена.
Јас да ви предложам еден тест. Прв пат го користев не ни знаев дека постои претходно. Од аптека Виола го земав уште тогаш во август месец и испадна супер.
без тревога, многу често се среќаваат. Да се дава терапија за нив ама и треба промена на животен стил од аспект здрава исхрана и лесна вежба. Не читај многу по гугл, тоа ќе те советувам и без гајле, секоја жена што имала цисти забременила, барем од сите што ги познавам.
Ти благодарам! А на пример што мислите дали да почекам барем уште некој период пред да ги почнам тие апчиња што ќе ми ги даде докторот? За во случај да не сум бремена ама не ми се верува бета ми беше 0.10. Дали некоја имала вакво искуство? Бета да и е негативна а да е бремена.. Тешко м?
крвен тест дава најточни резултати и ги дава најрано после 10 дена овулација. Така да резултатите се тие. По принцип 1-2 бета е нормално и дури се среќава и кај мажи како што имам читано. Од мое искуство, сум била кај два гинеколози кога ми каснеше менструација и едниот од нив ми рече дека не можи да кажи дали сум бремена на 7 дена доцнење и дека најдобро ќе знам ако напрам крвен тест и беше 0 и по два дена ми дојде. Сега ми касни 3 дена и си го напрајв за мирна душа да имам. Инаку крвен тест не греши. А за апчињата ти е најдобро да слушаш доктор.