Како сенка е може и да е евапорациска . Ако не ти дојде утре повтори го треба да биде појака и да се познава бледа линија ако има нешто
Мамички закажав прв преглед за две недели дури. Може ли вие да ми кажете од искуство кои витамини ги пиете во бременоста и по колку мг на ден? Исто така што е ефикасно за стрии, и дали треба уште нешто да внесувам или правам? Јас читав и на интернет но секако ми е поубаво кога ќе слушнам лично од вас искуства ❤️
Јас пијам Фемибион 1 во нив има фолна и плус пијам магнезиум 400мг. Витамините се препорачува да се пијат и пред забременување така да секако не штетат. Со лесно
Јас како да гледам уште една бледа линија. Мене исто ми покажа бидејќи имав 3 дена до добивање (рана бременост). Најубаво купи LaboQuick најточно ке ти покаже.
После колку дена тестот покажува позитивна линија? Многу рано ја добив овој пат на 12ти позитивен тест од овулација, а на 23ти веќе е позитивен... Нели е многу брзо некако?
Зависи кога се имплантирало. И во двата случаи кога имав успешен трансфер, пребледа линија добив како 3-4 дена пред да ми доцни.
Откако ќе се имплантира, почнува да се лачи хормонот. Ако, да речеме, имплантацијата трае 3 дена, после 3 дена од имплантација може да покаже позитивен тест ако тестот е од посензитивните. Грубо пресметано, ако кај тебе после 5 дена од оплодување почнала имплантација, ако 3 дена се имплантирал ембрионот, после 3 дена од имплантација ти покажал тестот две црти. Ете ти ги 11 дена после овулација.
Нема врска кога е правен ,утринска или не . Шурчек може да утне лажно негативен да даде а лажно позитивен никогаш не дава . Бремена си честитки
Девојки .. Bhcg преку крв, кога најрано би покажало? Денес правев на 24ти ден од циклус ... Циклусите ми се на 26-до 29 дена .. предминато месец добив на 28ми ден,минатиот на 26ти .. правев во Син лаб и излезе <1.5 а референтна вредност е <5 .. ? Дали избрзав?