Па ако си направила 10 дена после овулација не е рано. Мислам дека ако имаше нешто, колку и да е рано ќе беше вресноста барем над 5.
Здраво,менструацијата ми е секогаш редовна 29/30ти ден. Имам незашитени односи со дечко ми но секогаш свршува надвор. Денес ми доцни 7 дена и ме фаќа паника. Направив 2 теста првиот го направив на доцење 3 дена, а вториот тест на доцење 5 дена. Двата теста беа негативни. Дали е можно после толку доцнење да може да биде лажно негативен?
Дали self clear може да покаже лажно негативен? Одамна немав купено тест па го зедов кој било, сеа читам дека не давал точни резултати Денес 33 ден, 28-30 ми е секогаш и демек со тестот ќе знам на шо сум ама уште толку се збунив.
Селф клир ми беше негативен, шур чек исто. Најверојатно од нешто друго ми е каснењево зш на 4 дена би требало секој тест да покаже ако е позитивен. Прв пат ова ми се дешава, досега сум немала проблем со ниеден тест. И јас будала фрлам пари за тестој, преку крв досега ќе знаев 100% дали да исклучам бременост и да одам на доктор.
Да прашам дали во Синлаб за тестиранје на ниво на бета hcg во крвта треба претходно да закажам? Сакам утре од сабајле да појдам. Или било која друга приватна лабораторија овде низ центар.
Мене денес LaboQuick ми покажа негативен, ама за мирен сон, сепак утре ќе појдам да проверам на крв, најсигурно.
Еве едно мое искуство со тестовите за бременост .. купени 3ри теста од виола аптека два DETECT и еден SELFCLEAR. На три дена пред добивање (четврток) направен тестот DETECT кој ми даде позитивен тест и одма заминав да правам HCG преку крв со добиен резултат 120,75. На еден ден пред добивање (сабота) правам со прва утринска повторно тест DETECT за да видам дали линијата е потемна и викам да не ми стои тестот ќе го направам и SELFCLEAR. DETECT тестот искача позитивен со потемна линија од претходниот што го правев, а SELFCLEAR искача негативен .. ако четвртокот HCG ми било 120,75 саботата треба да биде дупло односно 250 негде а SELFCLEAR дава негативен тест. Ова е моето искуство женски со SELFCLEAR за жал . Ако мислите дека има нешто а сепак е порано мој совет да не го зимате за рана детекција. Убава вечер и со среќа на сите што сакате да видите двете црвени линии
Дали е рано направен тест на 10ти ден после трансфер шур чек покажа негативно? Дали е подобро да се проба со прег чек за кој во упатство пишува дека е исклучиво за ивф?
Девојки, јас не можев да чекам и сабајле тркнав до СинЛаб. Ги добив резултатите од крвна слика на b-HCG хормонот и под резултат стои <1.20 mIU/mL и мислам дека конечно можам слободно да дишам. Вчера и на LaboQuick што е тест на урина, пак добив јасен негативен и мислам дека е се океј. Овие тестови ги правев 29-20 дена после тој незаштитен однос што ме остави без сон толку време. Сега ќе можам мирно да спијам. Искрено исплашена бев. А од менструација ни м. Деновиве ќе појдам на преглед и за тоа, а може и после празнициве.
Со овој бев само за една вечер, одкако раскинав со дечко ми. А овој типов со кој бев е комплициран и проблематичен ептен. Повеќе совест ме јадеше дека ради вечер во којашто и баш не уживав, можев проблем да си направам. И од како се случи тоа после таа вечер стално ме притискаше и ме бараше и некои други работи се случија, под стрес бев цело време и секакви филмови ми пројдоа низ глава. А да бев со некој што го сакам, на крај на краиштата и трудна да останам, би си го задржала детето.
Е па за да немаш вакви главоболки во иднина, гледај кондом носи си ако си со некој за една вечер или со некој со којшто не би салала да имаш деца.
Здраво Дали некој после ивф правел тест со шур чек? Дали се подобри тестови во кое упатство наведено е дека се исклучиво за ивф? Ние правевме со шуре чек и на 10ти ден негативна вредност... Денес земавме друг тест кој е исклучиво за после ивф и по два дена ќе тестираме со него на 12ти ден. Некој член да сподели искуство
Од шур чек чкенкире не се задоволни, покажувал лажно негативен. Сите тестови се за ин витро употреба, што значи дека се за надворешна употреба, а не за жени кои правеле ИВФ. Може да пробате со другиот тест што се го земале, би требало да покаже, особено ако бил трансфер на 5 дневен ембрион.