Правев Sure Check, излезе негативен ама првите 2-3 минути имаше дијагонална линија (преку контролната линија како крст), па после тоа ја снема. Тестот си има рок на траење, ама ме интересира да не сум утнала работа ако сум се измочкала на него премногу?
^^ Lovely93, не си се измочкала премногу Очигледно невалиден е тестот, повтори го И да добиеш посакуван резултат
Можно е да си се премочкала ептен премногу,направи пак и со неколку капки,ти посакувам да добиеш убав резултат
Ништо бев на гинеколог не направив тест, не виде знаци на бременост за секој случај ми рече по една недела ако не ми дојде да направам тест и ако е негативен да ми даде апчиња за да ми дојде :/ Незнае од што е предизвикано толку големо каснење - последна менструација средина на МАЈ
Ве молам за мислење! Еве денес ми доцни веќе 25 дена. Пред 6-7 дена направив тест кој беше негативен, а пред 4 дена направив уште еден кој пак беше негативен, но сепак не добивам, а немам ни симптоми. Се закажав на преглед дури четврток, а дотогаш мислам дека ќе полудам од неизвесност. Која е веројатноста да сум бремена после 2 негативни тестови и без апсолутно никакви симптоми, ни зголемени гради, ни болки во стомакот, ни гадење?! Читав во кои случаеви би можело да се покажи лажен негативен резултат - прерано направен тест, грешно следење на упатството, разредена урина - што ни едно не беше случај кај мене, се беше уредно како што треба. Да напоменам само и дека лани ми се случи истото ми каснеше 25 дена точно, па ми дојде на 26тиот. Ве молам за мислење!
Здраво девојки, има ли некоја правено тест за бременост преку крв? Искуство? Мислам дека тој е најсигурен. Ми касни само три дена...
Ако ти касни три дена, тестот преку крв секако ќе покаже доколку има бременост. Секако е најсигурен, и затоа при инсеминации и ин-витро само тој и го признаваат.
Ти благодарам darcy. Утре сабајле одам да направам, држи ми среќа да биде позитивен [/quote] Со среќа!!! Каде ќе го правиш?[/quote] па не сум одлучила, се мислам во авицена или адриалаб
тестот за бременост дали е валиден ако покасно испитам т.е сега? секако ништо немам јадено пиено ке биде валиден или не
Имам едно прашање, на 19 јули имав однос со еден дечко, требаше да добијам на 3ти август, дента ( на 3ти август) прокрварев ептен малце како за почеток, меѓутоа после тоа ништо, ми прекина одма. претходно и после тоа овулирам цело време. Што е можно да ми е, страв ми е да не сум трудна зашто ми касни.
имав последна мен. на 12 јули... на 09 август направив тест бидеки не можев да дочекам да ми закасни Тестот беше self clear од 195 денари, го направив со првата урина. Во С прозорчето имаше темна линија а во Т имаше бледа линија. Претпоставував дека е позитивен (бидеќи читам примери дека со бледа линија ви испаѓал позитивен ) но на 11 август си добив нормален циклус. сега сум
Тестот за бременост може да згреши кога е негативен, ама не греши кога е позитивен. Бледа линија е дефинитивно позитивен тест, бидејќи е детектирано зголемено ниво на хцг (ниско ниво, ама поголемо од тоа кај небремени жени). Нивото на хцг хормонот ти било покачено, дефинитивно. Моја претпоставка е дека се работело за chemical pregnancy (не знам како го викаме на македонски), т.е. бременост која започнала ама многу рано завршила. Многу жени не се ни свесни дека ова се случило бидејќи си добиваат во нормално време па не ни мислат дека биле бремени. Како и да е, жал ми е Не се разочарувај, ќе си биде се како што треба, позитивни мисли и само напред
Дали бледата линија се појави одма? Јас кога правев тест немаше линија...но од пуста желба да ја видам си ја "замислував"...ја гледав линијата каде што треба да се појави втората цртичка. Ако се загледаш убаво...ќе ја видиш кога ќе се исуши урината...но реално нема промена на тестот дека е позитивен... Се надевам ме сфати... Постојат и мн примери каде жените добивале регуларно и до петиот месец од бременоста....се надевам и стскам палци и твојот случај да е таков.... Во секој случај, среќно и само напред со ппзитивни мисли и верба...