Овие беа готови, само со позитивно, негативно. Гинекологот ми кажа дека тоа ништо не му значи, и не ги смета за релевантни додека не види колку точно ќе биде бета. Покасно ги направив другите и ми рече или ќе ми се јави до 3 или утре. Ама најверојатно утре ќе било.
За да си раат денес земи уште еден лабоквик и ќе знаеш на што си. Али мислам дека тестот до утринска не чинел и тој ти дал лажно негативен. Али според волку видлива црта во урина сигурно бетата е над 25.
Кај мене исто тестот ми покажа позитивен вечерта а од сабајле со прва утринска негативен. После тоа пак позитивен излезе, истиот ден испитав бета и бетата беше 420 и така се осигурав дека сум бремена. Се надевам со тебе ке е ист случајов. Со среќа
На 6 ти ден доцнење правев тест негативен така и очекував, денес ми е 7 ден сеуште немам добиено. Имам редовно циклус на 28 дена, за мене ова е невообичаено. Да почекам уште ден два, или да закажам гинеколог уште денес?
Ако си имала овулација, била покасно и затоа доцни. И јас овој циклус имав овулација 10 дена покасно од обично и добив 10 дена покасно од обично. Почекај уште некој ден.