Немам искуство со бета правење, јас сум олд скул со тестови Знаеш дека се дур не дојде шансите за бебе се тука. И кај мене никако математички ни логички не се уклопуваат датумите, па тераме 4 месец А чим идејата ти се свиѓа почни си со фолна
9 дена од однос е мноогу рано Еве и да не си со ПЦОС, пак 9 дена е прерано. Ај почекај си уште еве некаде 7 дена па повтори со среќа и да видиш месецов ||.
Знаев Нели кога е влезено во ум влезено е. Јас мислам многу рано ти е правено сепак, почекај за недела дена и обавезно напиши статус.Стискам палци и после генерациски мора да се задружиме Сакав да прашам Фрухтест го имаат ли негде низ аптекиве? Сабајле правев со Шурчек, 250 денари во канта, и тест линијата одвај се покажа Денес одам пак по тест... тууу а баш мислев ќе дознаам денес
Земи си на Ливсане, тестовите де топ и се за многу рана детекција. Фрухтест немам сретнато многу одамна.
А едно прашање, ми касни 3 дена. Да почекам ако не добијам за неколку дена, да не правам бета за џабе, обичен тест ќе покаже нели? Жив симптом за добивање немам
Искрено, не знам.. на три дена доцнење бета би требало да покажеше. Ама сепак има милион фактори тука. Почекај уште неколку дена, за најубаво да знаеш на што си и наместо да даваш 800 денари за бета, ќе земеш обичен тест, лабоквик.
Со селф клиер, лажно позитивен, евапорациска или позитивен ? Ми касни втор ден. Јас мислам позитивен Кај да го најдам овој тест? Уште со овој остана да се пробам
Аииии убавинааааа Те читав кога беше бремена со првиот бебуш, па сега многу се израдував кога видов тест од тебе Честитки, со лесно до крај милааа
На два дена доцнење лажно позитивен не е овој тест мене ми покажа точно два пати, иако на многу членки им даваше лажно позитивен. Ливсане го имаш во Бети аптеките, околу 150-160 денари, покажува и 5 дена пред очекуван циклус,а јас очекувам тебе да ти покаже жар цртки. Со среќа мила, со лесно да ти биде !
Позитивен срц! Две цртки знам да гледам барем Шансите се минијатурни, ама не се нула! Се додека не добијам И да си кажам јавно, може не сега ама за скоро ќе ме гледате во труднички!
@QweenSM @Konstrakta @LiquidLuna Фала ви девојки, од понеделник закажувам преглед и идеме јово-наново
Бев на гинеколог, ми предложи да почекам 2 недели и ако не добиам да одам на преглед. Тест направив на 6 и 8 ден од доцнење негативен (не ми е планирана бременост), денес ми е 12 ден уште не добив и земав тест. Да го направам одма или да чекам наутро(Sure chek), секако вторник ќе се јавам да закажам ако не добиам, иако немам никакви симптоми за добивање.
Здраво девојки, нова сум на форумов, но веќе скоро година пратам-читам дел од тоа што го пишувате, посебно на темите за бременост. 36ти ден ми е од циклус (во принцип до 35ти ден ми доаѓа, но периодов од оваа последна година знае и до 40дена да трае), направив тест денес SureCheck, негативен. Прочитав од ваши искуства знаело лажно негативен да покаже, иако до сега кога сум го правела негативен покажувало, негативно било Симптоми за добивање веќе имам барем 10 дена, се понадевав можда дека се за бременост. Не знам дали да си чекам до 40ти ден дали ќе добијам, или да барам друг тест утре-задутре да направам?
Ако си во можност направи уште еден,ако ти се покаже и тој негативен значи не си бремена.А ако немаш сеуште до 40 ден тогаш оди на гинеколог тоа е мое мислење
Во однос на прегледи на гинеколог сум одговорна, и периодов доцнењево ми е ради 10кг плус, ми влијае на циклусот. Сѐ друго е во ред. Ама да, ако доцни многу повеќе, без преглед не се оставам. Фала ти!
0 биле шансите. Добив, после 5 дена каснење и никаков симптом. Окс. Виша математика е женското тело ама добро Ќе биде