Да бидам искрена јас се надевам на негативен тест. Може злобно звучи. Ама немам у план баш сега за второ, понатаму да. Ама имав да се каже ризичен однос и подобро да проверам. Пошто менструација само еднаш добив после пораѓај и сега со месеци немам. Така да уште немам редовна па да се водам по тоа. Ама што биде, биде. Тоа е @Saba08 во неколку аптеки барав немаше.
Што треба да биде, ќе биде Не е злобно воопшто. И јас се надевав на мала бета, па ми се присака второ во меѓувреме ама не му било времето
Лабоквик дава точни резултати? Пишуваше да се направи со прва утринска. Е која е за доилка прва утринска јас не знам. Во 5 бев во тоалет еднаш. А во 9 го направив тестот, така да не е баш со прва утринска. Срам не срам да ви кажам не знаев како се прави тестот, прв пат всков правам. Претходно фрух тест сум правела. Некој да ме чита ко да немам дете родено. Во прозорчето ставив три капки урина. Се надевам точен е резултатот. Ми покажа негативен. @Iris-1234 @fana @LiquidLuna
Најточен е. Точно си го направила. Мене 3-4 дена пред дата за добивање со вечерна урина ми даде позитивен Уживај си
20 дена. Додека најдам тест и додека го направив ехее. Планирав после 14 ама се одложи малце Значи овој најевтин а најточен. Да знам за друг пат
Даааа, закон е овој тест Јас првично не верував дека сум бремена, мислев дека не е точен дека е евтин
Здраво девојки, имам нередовна менструација, последната ми беше на 28мај. На 6ти јуни имав ризичен однос (свршување внатре) и на 9тиот ден од односот пројавив бледо кафеаво крварење. Не се загрижив многу бидејќи мислев дека ќе исчезне, се додека не видов дека трае и наредните два дена. Вчера (17ти- трет ден од крварење) ме фати паника и отидов во Систина на преглед. Ме прегледа и ми кажа дека нема циста, дека имам полицистични јајници ( тоа си го знаев и од претходно) и дека може крварењето да е од овулација. За можноста за бременост не можеше ништо да коментира бидејќи е многу рано, ми кажа да повторам тест следниве денови. Некако ми е многу случајно да крварам прв пат во живот во овулација баш 10тина дена од ризичен однос.. Плус веќе 4ти ден е крварењето (не е воопшто обилно) Дали некој имал слично искуство или мислење во врска со случајов? Следен термин имам на гинеколог на 27ми и до тогаш сакам некако да се смирам. Фала ви♥️