Веројатно е невалиден ама ќе споделам со вас за да знаете и дека ова може да се случи. Денес ми е ден за добивање, сеуште нема ништо. Направив Laboquick ( не со прва урина) првите 10 мин немаше ништо, можеби сенка ама го тргнав на страна како негативен. По 2 часа изгледа вака. Паталец сум со тестовиве, и незнам веќе да разликувам валидни и невалидни тестови, зашто некогаш воопшто не појавуваат евапорациска. Ваков прв пат гледам кај мене. Розева е бојата на линијата само што е искривена.
Ај повтори го истиов тест и гледај да не пиеш премногу вода пред да го правиш барем 2-3часа. Она вика дека имало бледа линија сите тестови кога се прават им е таква линијата додека од когаќе се исушат се гледа поубаво.
Невалиден е сигурно, што и да се појави после 2 часа не е тоа што треба. Уште еден доказ да се фрлаат тестовите после 10 мин. Јас секако ќе направам тест пак деновиве ако не прокрварам.
Сакав да постирам прогресија на тестови бидејќи се утепав од пребарување нешто вакво на интернет, и можеби на некоја од вас ќе и значи да го види. Малите хартиени тестови се од алиекспрес, 20 парчиња за 4-5 долари, намерно ги купив за да можам секој ден да правам по еден (или три ). Касетите се Лабоквик, 35 ден се во Еурофарм. На двата теста се познаваше ептен бледа линија на 11дпо, иако не знам колку тоа се гледа на сликите, сепак сликано е 2 недели откако се правени тестовите. Бројките до тестовите се days post ovulation (следев и овулација, па точно знам колку дена беа поминати), според редовна менструација требаше да добијам на 17дпо каде веќе добив убава втора линија. Плус правев и проверка преку крв, значи со многу ниско хцг се познаваа линии на тестовите. Лани летото имав бременост со хцг од 50 и на Лабоквик се познаваше линија, а на Шурчек немаше ништо. Пуштам среќа за две линии на секоја од вас која тоа го чека.
Update: Laboquick што го постирав веројатно беше невалиден, наредниот ден направив self clear, добив многу бледа линија едвај видлива во временски рок од 2,3 минути. Циклусот откако сум почната со процеси ми трае 23 денови максимално 24-ти ден почнувам да крварам. Овој пат добив дури на 27ми ден. Една теорија ја имам после мал милион тестови направени, особено Self Clear. Ако се појави линија да има розова боја па макар и покасно од 10 минути има нешто , тестот е добар само прави проблеми на многу ниски бета вредности. Ова го кажувам зашто поминав многу биохемиски, ултра рано детектирани вредности, секогаш ми давал линија која покасно се појавувала и тогаш сум имала некаква позитивна вредност. Кога нема имплантација и оплодување и 3 дена да го чувам нема да се појави линија. Не охрабрувам никој да им верува на тестовите после временскиот интервал, на крајот на денот премногу е измачување да седиш и да чекаш да видиш линија која знаеш дека нема да заврши добро.
Здраво ми касни 10 дена последна менструација имав на 23 мај ,направив два теста од евтините ама не беше лабоквик некој друг тест беше, немам никакви симптоми ни за добивање ни за бременост,не знам дали да почекам уште некој ден или да земам некој друг тест,имавме секс одма кога ми заврши менструацијата значи во неплоден ден ама јас пак се надевам на две линии
Мислам дека во случај на бременост, на 10 дена доцнење би покажало во кој било период од ден. Повтори со некој друг тест и најубаво провери си бета за да бидеш сигурна.
Да кај мене беше бледа бидејќи ние бевме со обиди матичната ми кажа доколку е позитивен тестот да појдам на преглед . Имав 4 недели правев и бета хцг 56 беше