Незнам овој месец кога треба да добијам после биохемиската во април немав добиено 60дена пиев примолут нор и добив на 18јуни. На 28јуни бев на кинтрола беше се во ред само немаше фоликули ми рече касна овулација. Ова е со однос на 9јули зачнато значи негде после 9јули .. незнам што да мислам ..
Не ми се брзаше туку требаше ако не добијам до крај на месец да направам хцг и да идам кај гинекологот за да ми даде пак примолут нор
Леле не ја пласете девојката, врска нема ова. Среда 36, петок 72, недела максимум 144, денес е понеделник нејзе и е 142. Девојче супер ти расте бетата не се секирај.
Ако ви касни 10 дена направете тест...мене ми каснеше 12 дена дури тогаш направив тест и се покажа убава црвена линијаа...бев на гинеколог и бев бремена 6та недела
Не ја плашам де. Имав искуство со неправилно растење бета. Затоа реков "според мене". Нека си почека за сигурно. Таа прашува овде и секако ќе наиде на различни мислења.
Епа ако имаш искуство, тогаш би требало да знаеш дека бетата се дуплира на 2 дена. Која е логиката за 4 дена да биде 1000 бетата? Ако не сте сигурни во нешто не пишувајте воопшто. Девојката има биохемиска во април не и треба некој да и каже нешто неточно и сеа да се утепа од секирање дома.
Јас мислам дека треба да е во ред, иако бетата знае во почетокот вртоглаво да расте, школски е дека на 48ч треба да се дуплира. Така што според мене е во ред, но не сум доктор ни јас ни членките тука. Не се потресувај без причина, консултирај си доктор и за два дена можеш пак да направиш бета за да си мирна.
Закажав после кај гинекологот па ќе видам што ќе каже се надевам се ќе биде во ред ви благодарам многу
Мислам дека бетата ти е супер. Таа расте во период од 48-72 часа и ти си во тие рамки. Сепак организмот не е чиста математика, па да може точно да се пресмета. Важно е да расте за 48 до 72 часа.
Те чекаме да ни пишеш смирена школски си расте во граници, но за бета нема баш пишано точно правило кое гарантира нешто. Затоа не се стресувај, докторот секако ќе ти рече да отидеш пак за 2 недели бидејќи тешко е денес да види нешто. Пуштаме среќа
Ама затоа негде напишав ,не правете Бета на своја рака,не сте доктори , само се преплашувате и еве сега.
За жал во овај период гинекологот ништо нема да може да каже. За да се гледа нешто бета треба да е над 2000. Сега може да види задебелен ендометриум исто каков што си е пред секое добивање.
Ако има добро ехо и да е добар гинеколог,може да види,мене ми беше бхсг 80,мало беше,ама го зголеми на екранот и ми го покажа ,беше мала точкичка,позаоблена,не знам кај вас,кај мене така беше,после ме гледаше на бхсг 2 илјади и нешто и беше поголемо кругче,веќе убаво се гледаше. Е сега ваљда индивидуално кај секого.
Гинекологот ми даде да правам хцг и да следам да се боцнам понеделник и еве преескаа ми рече да повторам во среда пак и пак во понеделник после тоа. Не ми е јасно каде пишав дека сама правам? Само прашав дали е убаво дуплирано пред да идам на гинеколог, додека чекам да дојде време за да идам. Убав ден
Бев пред малку. Ми кажа да повторам хцг во среда и понеделник поради предходната биохемиска бидејќи е рано да се види поради касна овулација.