Ќе биде во ред, златна. Сега мора да си смирена. Како што рече и @fana ништо не може да се види на ехо додека бетата не се качи над 1500-2000. Само смирено и со позитивна мисла
Ти кажа дека си направила Бета и си закажала на доктор,а дека бидејки не ти се чекало си направила денес пак. Нема врска ,како и да е. Едит- океј сега видов си го повторила на своја рака тестот а не бетата. Сори. Со лесно. Овој период додека очекуваш да се види на ехо ке ти биде стресен ( барем мене ми беше многу) ама се ке биде океј.
дали преку тест на бета во урина може порано да се детектира бременост, кога најрано по ризичен однос може да се провери бета, дали е подобро преку крв или преку урина?до денес помина 1 недела од однос.
Секако дека преку крв е најверодостојно. Урина може на прв ден доцнење да покаже негативен не па 1 недела после однос. Сепак мислам дека е рано, поубаво крајот на недела да одиш преку крв
Мислам дека те читав оти не смееш да бидеш бремена. Зошто не побара друго мислење за да пиеш апче по односот? За да немаш стресови.
Побарав, ми рекоа да не пијам дека се мали шансите, дојам, а апчето е хормонска бомба.Јас имам автоимуно заболување и секој доплнителен дисбаланс на хормони може да направи хаос во организмот.Сега немам мир, точно, затоа прашувам кога најрано можам да проверам, преку крв кога се проверува?
Здраво на сите, После позитивен тест за бременост, викендот денес испитав хцг. Во понеделникот ми доаѓаа 28 дена од последен циклус, но секогаш добивам на 26 затоа и викендот го направив тестот кој излезе позитивен со бледа линија. Утрово испитав и преку крв, ова се резултатите. Дали е ок следнава недела да закажам преглед или да почекам уште малку според вредностиве?
Честитки! Да, закажи преглед следната недела, дури можеш и оваа. Бета хцг се дуплира за 48ч, што значи во среда вредоста ќе биде над 2800, а за да биде видливо на ехо треба хцг да е над 1500-2000 што значи кај тебе ќе се гледа
Утре е 10 ден од однос а 7 ден како ми доцни циклусот, ако направам сега поручек тест на крв дали ке покаже, не ми се чека веќе живци ме фатија.
Zdravo zenski, mi docni 8 dena denes napraviv test i e negativen , a sekogas mi e tocno na 27-28 den :/ , dali moze da e netocen testot ili da proveram preku krv ?
Најрано преку крв ќе ти покаже што значи дека 6 дена посче односот веќе се излачува бета доколку има бременост.Само мислам дека уште повеќе ти касни од стрес.
Девојки ајде да слушнам ваше мислење. Вчера бев 8 денови после овулација, рано овулирам, рано добивам, треба до крај на неделава да почнам да крварам. Направив со прва урина вчера self clear, агресивно бел си остана. Се осеќав во текот на денот поспано, болни гради, болка во јајници ајде си викам ќе направам уште еден. Се појави линија во временски интервал многу бледа. Нормално срце не издржа направив уште еден, прво бледа линија речиси неприметлива за по пола саат да стане изразено розева. Ви праќам слика. Вечерта уште еден и излезе исто така агресивно бел. Почнав да си се карам себеси зашто рано проверувам и трошам пари без потреба. Постои секаква зависност, од лекови од алкохол јас еве имам од тестови за бременост правење. И сега ќе чекам. Имате ли некое разбирање зошто е ова вака? Не може да е биохемиска и да ја снема за два три саати.
Не може да е биохемиска за толку кратко време. Ај земи од најевтините тестови, Be safe или Laboquick и тестирај се. Пуштам среќа
Не не мислам дека е биохемиска него е рана бременост па кога излегуваат негативни мислам заради недоволна концетрација во урина од хормонот, направи си секој ден по еден тест и ќе видиш дали има задебелување на линијата