И јас неможев да издржам и направив тест 9 дена пред датумот за добивање (циклус на 32 дена имам) и имав ваква цртка Спојлер: Тест 1 Па пак немав трпение до датум, 4,5 дена пред недобивање ваков ми беше тестот Спојлер: Тест 2 3 направив, селф клиар е првиот, вториот е Би сејф (2 што се во пакување) и Лабоквик. Бисејф не го правев со прва мокрача, најсензититивен се покажа. Од денес сум 7ма нед, слушнато и срценце Колку имаш до циклусот?
Имаше ли други симптоми мила. Јас неможам да дочекам да ми касни едвај чекам тест за бременост да направам.
Заборавив да пишам дека ми е омилена тема оваа и се надевам на многу позитивни тестови во новата година.
Ништо, како за добивање исти симптоми. Малку појаки грчеви само имав и гради повеќе од вообичаено ме болеа. И пап правев во 8 сабајле после овулација некој ден, а во 8 вечер имав чудно крварење. Може да беше од папот, ама па ќе беше веднаш да беше од папот.. а не после 12 саати. Мислам тоа да беше имплантација, зошто баш тогаш сум останата бремена
Веќе со толку доцнење би требало да покаже било кој тест. Освен ако не си имала многу доцна овулација... Направи со прва мокрача, еве по мое искуство земи Би сејф... 130 и нешто мислам беше, два теста има внатре.
Не дочекав купив селф клиар. Јас според симптомите имав доцна овулација. Пак како да гледам црта, еве нз може сум полудена. Ќе купам сабајле од тој. Фала
Има нешто да. Исто беше и кај мене вака на овој тест. Дури и мене не ми беше верно, иако до сега тест не ми дал втора црта кога не сум била бремена (нити таа евапорациска). Овој баш се гледаше дека има цртка некоја. Направи од тој сабајле, дај боже да си видиш тоа што посакуваш!
Се разочарав, направив преку крв и се јавив ми рекоа негативен. Малку ми се измешани сликиве, сликав и со блиц и без. Еве сабајлево правев пак и кажете ми дали само јас ги гледам бледиве линии.
Каков тест преку крв, со ниво на бета хцг или? Колку е бетата? Има стварно и на би сејфот бледа, ја гледам. Одма се појавуваат или по сушење на тестот? Ако по повеќе од 20,30мин, тогаш е евапорациска линија..
Има тест кој само се гледа позитивен/негативен тест и тест за бета хцг. Ти останува да чекаш бар уште некој ден... Може имаш фатено многууу рана бременост, па и бетата да е сеуште ниска, незнам. Сега веќе џабе и тсстови пак и преку крв пак, почекај уште некој ден па пак направи.. Може и биохемиска да е, па да си добиеш..
Јави се и прашај колку ти е бетата. Под 25 сметаат за негативен, а всушност под 5 е негативен. Имав побледа линија од твојава на Be safe и бетата ми беше 10-11. Имаше бременост, мислам и кај тебе има.
Кои ви се тие тестови како лентички што се? Јас земав шурчек. Некои поефтни има ли? Во зегин има поскапи само.
Be safe се ленти, а најефтини се Лабоквик. Ама ги постираат расклопени и тие се ленти внатре. https://24apteka.mk/product/laboquick-тест-за-бременост/