Дали има разлика со која урина е направен тестот (прва утринска или подоцна во денот). Тестот е негативен а јас упорно не добивам веќе 2 недела.
Има врска со концентрацијата на хормонот на бременост, утринската урина е поконцентрирана. Ако како што кажа не си добила веќе 2 недели тогаш сигурно ќе ти покажеше тестот во било кој период од денот, многу време поминало, така да мислам дека има некоја друга причина зошто не добиваш...
Да знам за концентрацијата и убаво си пишуваше и на тестот на колку реагира и дека во утринската има највеќе од хормонот ама што викаш и јас си мислев дека и подоцна ќе покажеше не е еден ден. Плус и јас ко тинејџерките ем немав ризичен однос ем некако многу испаничив, може затоа и не добивам.
После 10 минути, тестот е невалиден, точни се резултатите кои се појавуваат од 5та до 10та минута (зборувам за Sure Check). makedonkamak, ајде пиши ни, да почнеме и официјално да честитаме
^ Македонка се привикнува на новонастаната ситуација веројатно. Ова што ја нема мислам дека ни дава потврден одговор, дека тестот не погрешил. Барем јас така мислам, инаку би се пуштила да ни каже дека е грешка. Сега кројат планови, се радуваат, можеби и соопштуваат, да се стрпиме уште малце ние.
Мене со 9 дена каснење, тестот што го правев сабајле и вториот приквечер во 6(од што бев нестрплива не ми се мочаше и многу малце мочнав) па ми покажаа две цртички. Јас мислам дека секоја девојка која е бремена и и касни повеќе од една недела, мора да покаже тестот 2 црти без разлика кога е направен...
Девојκи извинете не можев да ви пишам поρано . Инаκу има новост κај мене и е потвρдена од стρуучно лице. Бρемена сум. Благодаρам на сите уште еднаш на убавите збоρови. Неκа дава дедо Боже ваκви убави новости на сите.
Денеска правев тест SELF CLEAR (10 дена после овулација) и е негативен.А јас се чувствувам необично,скоро и да сум сигурна дека сум бремена имав и кафеав исцедок пред 3 дена. Овие тестовите значи врска си немале,пишува убаво на него дека се прави и пред изостаната менструација а ја очекувам на 27ми. Преку крв кога најрано може да се провери ?
Да, на self clear пишува 5 дена по зачнување дека дава точни резултати, ама ако покажал негативно немора да значи дека не си бремена. За преку крв баш ја прашав кристинка од плодност ми рече 10 дена по зачнување можи да кажи преку крв, а по 14 дена со вагинален преглед.