Здраво девојки, Последна менструација имав на 12.12.2023. Циклусот ми варира, значи ми доаѓа некогаш на 30, 32,35 и многу ретко на 40-42 дена. Овој месец требаше да добијам околу 14ти. Уште немам добиено а до сега имам направено неколку тестови па се мислам дали е можно да се точни. Резултатот на двата се појави во првите 5 минути. Симптоми имав поспаност, главоболка, немање апетит и пред некој ден добив болка во градите која престана. Што мислите вие?
Како да има втора цртка може ти била покасна овулација чим некогаш добиваш на 35-40дена почекај уште два дена и повтори со прва урина или направи бета хцг понеделник Со среќа и школска бременост
Здраво на сите. Ова ќе ми биде четврта бременост-четврто дете. Се уште не сум била на гинеколог, само менструацијата ми доцни и имам позитивен тест. Имам три дечиња 7 ипол год, 5 години и 2 години. Ќе биде весело кога ќе се породам ако се е во ред. Со третото дете се уште незнаеме како останав бремена и ниту со ова се пазиме без свр*ување внатре се на страна и се бришеме а избегавам односи заради оваа причина ама ете магнет сум. Уште сум бо шок како ќе биде многу мисли ми се вратат, да не речам секакви, ми треба поддршка од жени со повеќе дечиња. Поздрав
Браво бе мајка Честитки пред се, да имаш лесна бременост до крај. Ми се допаѓа моментот што од старт знаеш дека ќе го родиш, инаку друга на твое место испаничено би изреагирала и можеби не би постапила исто. Инаку до бременост секогаш може да дојде, од мало невнимание од еден по друг однос без сопругот да се измоча и измие и слично, така што ако отом потом ќе размислите за опции за заштита, сега најбитно е се да е во ред. Децата пак ви се пркнати, ќе помагаат во се, хаотично ќе биде на почеток ама се се заборава кога ќе пораснат
Отсега памет без кондом ништо, ние ај идеме на опција ќе пазиме нема шанси без свршување ама ете бидна. Само нека е живо здраво, уште сум во шок, се надевам ќе се приберам за брзо, битно имам поддршка и од сопругот па да се надеваме дека се ќе биде во ред. Таман се направи ред со спиење градинки и тн, одново сега. Вечно ненаспана ќе бидам
Хахахахахах разбирам скроз. И тоа ќе шомоне. Поддршката е најбитна, и кај мене е така од прва забременувам и строго се пазиме со соодветна заштита. И маж ми инаку би ме поддржал, но мислам дека нема да издржам со повеќе од 3 Особено што едното ми вреди за 10
Нека се живи и здрави само, најголемо богатство, уште не ми е потврдена бременоста на лекар, ама тестот покажа бледа црта, ваљда е позитивен, со другите бремености беже многу потемна
Е како е можно да не знаете како сте останале бремена? Се знае како. И тоа без свршување и пазење, можеби е од предсемена течност. Честитки и со среќа.
Мене ми покажаа овој пат Self clear и Be safe 7,8 дена пред да добијам го направив Self clear, 4,5 дена пред да добијам Be Safe. Баш околу 10 дена по овулација.
Девојки вр молам хелп Имам неродовна менструација до 33 35 дена и со тоа и доцна овулација Задна менст 25.12.2023 денес (42ден) правев бета излезе 5 .38 дали постои шанса за бременост со тоа што имам доцна овулација (20 ден +) Ве молам за одговор Ви влагодарам убава вечер
Може да е биохемиска и ќе добиеш набрзо. Или за жал помалку веројатна опција, ако си имала овулација пред недела дена, односно на 34-35 ден, може да е нормална бременост.