Не треба да ги пиете апчињата дур не ви доцни подолго време, зошто ви ги дават така од ракав не знам мене тестовите ми личеа на позитивни, прво треба да се испита па после апчиња ако треба, вака прво апчиња па после испитување не е убаво. Може и да не биле полипи.
Види вака ,ние овде не сме доктори . Можеме да кажеме мислење ама не и да тврдиме дека е биохемиска. Не можеш како слеп за стап да се фаќаш на нашите мислења. Ако ти е сомнително што ти вели докторот ,ќе одиш и на второ па и на трето мислење.
Но таа уште на не каснење и два позитивни теста земала апиња, на другарка моја доктор и вели итно на операција имаш тумур, ја прати на клиника таму на ехо кога ја виделе таа била 10та недела бремена. Така да секогаш кога нешто не е како треба се бара второ мислење пред да се земе апче во рака.
Здраво девојки, требаше да добијам на 09.02 според Фло, со сопругот имаме незаштитени односи но не свршува во мене. Јасно ми е за ризикот. Денес ми е 33 ден, обично добивам од 27-30/31 ден. Во понеделникот направив тест лабокуик и беше негативен. Дали можно е да било рано за тест? Дали е можно да има "нешто" а тестот да не го детектирал доколку сум имала доцна овулација?
Ne gi zemam apcinata poke gi prekinav ke pocekam uste dva dena za krv i stvarno ne odam zasega nigde eden mi veli poke polipi imas na privatno koga bev ..na drzavno eden polip bil prodolzi da piese pa da go vadime.. maticniot veli prekini gi da vidime so ke bidi i toa e nekogas e poubo poke mislenja a nekogas ne
Незнам зошто на толку малку доцнење веднаш ти ги дале. И јас имам пиено 5,6 пати во животов, ама се на големи доцнења. Инаку нормално дека на 17 бета нема да има ништо на ехо. Тоа ако е бременост, е многууу рана бременост. Почекај, време ќе каже што е работата...
Не знам, баш и мене тоа ми падна во очи дека ендометриумот бил здебелен, па баш за бременост треба да биде здебелен, докторите затоа следат фоликули, ендометриум и пред ивф процес, и кога е здебелен и фоликулите се доволно пораснати закажува пункција да извади јк.
Mislam deka devojkata ne znae da objasni, ja citav jas i sledev. Po svoja logika cim ima nekakva br beta se prekinuva so sekakva terapija, cekas ili ke potvrdis bremenost ili biohemiska pa prodolzuvas so terapijata ako treba. Ova e po svoja logika, a i site pisavte mislenja. Ne veruvam plodnost do tolku pa ne znaat da i recat nema niss prodolzi pij si?? Cudno nekako.
И јас ова сакав да го искоментирам ама ајде викам може само јас едвај ја разбирам. Некако многу неразбирливо пиши, неможеш да ја разбереш ништо. А и во Плодност така да ја советуваат за апчињата, малку чудно.
Можно е. Јас со 4 дена каснење, имав толку бледа цртка што речиси непостоечка беше. После 7 дена каснење се појаби убаво. Направи за некој ден пак.
На твое место, со позитивен тест, јас веднаш би ги оставила апчињата и без да ми каже доктор и би следела бета. За да се види нешто на ехо е рано, затоа ти велат нема ништо. Додека да се види на ехо, можеш само да гледаш дали линијата на тест ќе стане поизразена и дали бета ќе расте. Се надевам се' ќе биде во ред.
Членката ти посака секое добро, какво исмејување? Сите ти дадовме совет и никој не ти се исмејува, искоментиравме само дека многу неразбирливо пишуваш ццц.