9 дена пред циклус ни тестот преку крв нема да е 100% точен не па овие преку урина. Многу рано си направила тест, почекај да си барем ден пред добивање, или на самиот ден кога треба да добиеш. Нормално дека не ти се чека на никоја не ни се чека, ама за жал мораме. Ти посакувам од срце да се израдуваш со 2 цртки.
Премногу е рано, не знам зошто си избрзала не се прави тест 3 дена по овулација. Причекај уште недела дена ако мислиш дека можеби си останала бремена.
Еве јас ќе ви покажам пример два теста правени со точно три капки иста урина подоцна во денот на ден на не добивање едниот е шур чек 160 денари а другиот е лабоквик 30 денари. Видете која разлика во резултат. Затоа се прави барем од ден пред да ви доцни и не немора да се скапи. А со Селф Клеар секогаш сум имала позитивен резултат иако не сум била бремена.
Немора. Јас во триве бремености правено подоцна во денот (со првото навечер правен), имав позитивни..
Не мора. Во првата бременост го правев попладне. А во втората навечер, пред спиење. Има тестови кои се прават само сабајле. Тие евтините.
Феминки здраво, денес втори ден како ми доцни и направив два теста од кои еден вчера сабајле и еден денес попладне а и двата негативни. Немам никакви симптоми за доаѓање а циклусот ми е секогаш редовен на 29-30 дена. Што мислите да направам?? Константно размислувам на тоа и не знам како да си помогнам
Многу брзо си направила тестови, од еден ден и од два дена доцнење. Зошто? Паника ли за несакана можна бременост? Не си прави стрес дополнително, телото не е машина. Можеби еве овојпат циклусот ќе почне подоцна...
Се обидуваме за бебенце па искрено баш би сакала да е позотивен. Што мислите колку е најдобро да почекам пред да направам преку крв доколку не добијам секако?
Авицена може со упат резултатот е со позитив или негатив и е 100 денари, ако сакаш со бројка тогаш не ти треба упат и е негде околу 800денари