Мене шур чек на 450 бета ми покажа бледа чинија, а оние евтините од 30 ден тестови ми покажаа баш убава линија и тоа не со утринска мокрача. Среќно!
Значи дефинитивно шурчек се катастрофа И јас првиот тест бледа скоро и да не се гледа ( погоре имам споделено) вториот од оние од 50 ден поубава црта и по 3 дена зедов некој др тест убава линија си кажува Испитај си во лаб само позитивно се е во ред
Да го ставам и зачувам засекогаш и мојот. После 6 различни доктори кои важат за подобрите, и 6 различни мислења, нова дијагноза-ендометриоза и полицистични јајници, убедувања на 5 од 6те доктори дека шансите да забременам без операција се скоро никакви во пракса, дека мора операција - успеавме со сопругот од прва без да се оперирам. А толку стрес имав цел период дури се влечкав по болници... Само Димитров веруваше дека можам без лапаротомија....
Девојки здраво вчера требаше да добијам недобив еве денес уште немам обично ми доаѓа порано ден или точно на денот. направив тест вчера беше негативен можно ли е да е рано да покаже на тестот незнам точно кок ден имав овулација
Денес ми е ден за недобивање, направен со прва утринска. Направив и Селф клиар уште поизразена е. Денес ќе се јавам кај матичната. Имам многу грчеви како за добивање, дали е нормално? Ме плаши тоа малку. Светлово е ужас, ама на брзање за работа го сликав.
Честитки! Со лесно Нормално е грчеви, гасови се... И тоа ќе си ги имаш некое време... и понатаму чат-пат во бременоста, поради растење и ширење на матката.
Ти благодарам. Се преплашив малку. За колку време ќе ми рече да дојдам матичната? Според календаров 4та недела и 4ти ден сум.
Јас сум по апликација 5+4 денес имам закажано за денес ама ако сакаш и срце да слушниш тогаш некаде за 2-3 недели Честитки и со лесно
Ако отидеш за брзо ќе видите сакусче, а може и плодче.. зависи од овулацијата кога точно биднала. А најдобро за 2 недели од доцнење да отидеш
Честитки, со крај да си износиш, сподели ако сакаш која ти е приказната, да ни додадеш надеж на сите што се бориме
Не се обидуваме многу, само 3 месеци. Ама проверив се заради превенција пред да почнеме. Иначе маж ми пие ашваганда, омега 3, цинк и втитамин ц од 1000ка. Месецов почна. Јас прегнатол, Д3, цинк и омега 3. Искрено не ни очекував, уште сум у шок не знам ни како да се понашам, имам болки како за добиено. Иначе два месеци се опседнував како луда читав, пребарував, се тестирав за овулација. Месецов прекинав се да правам почнав и дополнително да работам, и нит се тестирав за овулација, искрено не ни ја осетив коа ми беше. Имавме односи преку еден ден. Последно и не ни сакав веќе. Му реков на маж ми не можам веќе што сака нека биде и се фати. Онака буквално психата е најлоша работа. Сега се молам само да е се во ред. Иако се ни беа во ред резултатите и на двајцата, јас психички се пореметив од читање. Ви посакувам на сите што побрзо две цртки.
I jas se prasuvam ova Vcera trebase da dobijam nikogas mi nema kasneto Sekogas porano mi doagja Pravev test vcera I denes negativni .. Nemam simptomi za dobivanje I Neznam Sto da mislam
Честиткиии и со леснооо. Ист случај како тебе знам и еве лепотица од скоро две години е. Не секогаш 2+2=4 во медицина. И чуда се случуваат