Испитај преку крв да знаеш на што си. Може било покасна имплантација а може и биохемиска па бетата да опаѓа. Може само да нагаѓаме, затоа испитај и мирна глава.
Доколку правилно не расте бетата значи дека не е во ред, доколку не се дуплира? Мене Сарџоски во Систина околу ова прашање ми рече дека не мора да значи затоа што во медицината секогаш не се оди според,, правила". Не сум бремена само ме интересира, дали некој со неправилно дуплирање си имал добра бременост? Често размислувам за ова, затоа што секој бета не испитува во бременост. Јас пред некоја година прочитав овде за бета, инаку поима немав, си истерав најнормална бременост никој за ова на почеток не ми спомна.
Јас имав направено една бета и повеќе не се замарав за тоа. И ја направив по предлог на гинекологот, за да се потврди бременоста. Некако бев многу опуштена е релакс и некако имав оставено се да тече како што треба да тече. Има жени што ја повторуваат и мислам дека е во ред, бидејќи не им знаеме историја, во неверување се, сакаат сигурност итн. На другарка бетите несакаш да ги видиш, а се правени во иста лабараторија. Тие бети би укажале на се, само на бременост не. Прцлата мала има две ипол години сега. Еве друга другарка ми збори за некое си хсг кое треба да се намалувало во бременоста, ич не ја разбирам за што збори, ама мене не ми дала матичната тоа да приверувам…. Медицина не секогаш е 2+2=4
Па и јас тоа велам, некако како дополнителен стрес ми е, ајде кога има крварење тоа е друго, ама на неколку дена само тоа да проверувам е човек да полуди.
Затоа викам има жени со историја или едноставно се паничари и сакаат да проверат и тоа е во ред. Помирно ќе се осеќаат кога ќе видат резултати.
Го направив тестот бидејќи ми доцни веќе 5 дена.Откако го повторив зедов Sure Check и беше негативен.На ехо уште не се гледаат траги на бременост.Одлучив да абортирам со апчиња кој ми ги препиша гинекологот но еве сеуште немам добиено.
Матна е сликава, ништо не се гледа... Консултирај се со гинекологот. Што рече после колку време од апчињата треба да добиеш? Какви апчиња? Потврдено ли беше дека има бременост? (Преку бета хцг)?
Пијам Prima Nor.Утре ќе правам тест преку крв.Не е сеуште потврдена бременост.На сликата што ја пуштив тестот имаше една јасна виолетова и една матна црта.Прашав во аптека а и гинекологот рече дека е позитивен тестот.
Тест најдобро ќе покаже на ден за не/добивање резултати или некој ден после тоа, бидејќи незнаеш кога точно настанало оплодувањето.
Mislam deka e pozitiven se gleda bleda linija A sure check e katastrofa I kaj mene (skoroooo negativen pre pre bleda crta) isto vreme praveni eve …
Исто и мене ми се деси со истиве тестови така да не знам и Шур чек и Селф клеар се несигурни во последно време, првите се најчесто негативни а има бременост а вторите се позитивни а нема бременост. Мене селф клеар пред две години ми даде скоро иста таква линија како контролната и добив после два часа па нареден ден направив и два најевтини тие беа негативни.
Здраво на сите,нова сум на форумот.Сабајле направен тест,дали е позитивен?втората линија е тенка Поддршка до сите што се обидуваат за бебче.
Zdravo devojki sakav da se konsultiram.so vas...imav odnos nezastiten na 14ti mart ama ne svrsi vo mene tuku nadvor e sega sum zagrizena mi docni menstruacijata samo 1 den na 24ti mart trebase da mi dojde denes e 25ti ...e sega zagrizena sum poradi toa so sekogas menstruacija imam redovna i mi doaga 4 5 dena unapred pred datata sto treba da mi doaga i prv pat sega vaka a mi se i losi nekako i ne mi e dobro denes so prvata mokraca napraviv test Self clear bese negativen po kolku vreme pokazuva tocno testot ? Dali treba ppveke vreme da cekam da mi docni menstruacijata pa da napravam ? Ve molam odgovorete mi pozdrav