Девојче, овде не да ти имаме кажувано и објаснувано, ама некако или не разбираш или има некој друг проблем. Најголем проблем ти е што незнаеш што сакаш и имаш едукација 0.
Leleee fala. Iskreno uste ne mi e verno sabota uste edna beta za da se doosigurame I taka. So lesno na site sto imte 2 crtki I gospod da im pomoze na ostanatite sto kopneat po 2 crtki
Супер е за 4та недела. Мене ми била 325 тогаш сега гледам. Ти посакувам лесна бременост, пиј си витаминчиња и само уживај.
Честитки имај си лесна бременост Што се оптеретувате со тие бети не знам, јас ниту еднаш не сум повторувала бета, ќе направам еднаш и готово, вака само стрес непотребен. Не знам може до мене е
Ne mi ja znaes ostorijata zatoa Za.prvata bremenost I ja bev labava ni beta ni nisto, uredna bremenost so tragicen kraj. 41 nedela so moj inat I moja inicijativa me porodija so carski inace I mene mi bea saatite brojani, za zal bebeto ne se spasi vtora bremenost mi rekoja beta da napraam. Denta srecna bev deka sum zabremenila , utredenta mi vikaa nisto ke dobies betata pagja. I sea kazi mi kako da ne sum izbezumena. 8 godini sum vo brak, I pominuvam niz se Dq dade Gospod site na prva da si ostanuvaat I da se labavi. Samo ubavini
A zaboraviv. Pred prvata bremenost bev vo plodnost I dr. Tashe ni rece vie samo invitro, po priroden pat ne mozete. Mi padna cela bolnica vrz glava I si rekovme so maz mi ok ce napravime invitro nisto ne e loso. Dur se odlucivme da ideme na invitro ostanav po priroden pat za mesec, dva. Sega minatiot mesec bevme za inseminacija I vika so se macite za gjabe ne pravime inseminacija, ne cini spermata,samo invitro. I eve ostanav.... aj da ne zabeguvam od temava, malce izlegov od kolosek
Ако гледаме за стресовите, тогаш и тестот преку мокрача ако покаже позитивен е доволен, нема потреба од бета преку крв. Само една вредност ништо не значи и не покажува. Многу девојки се на некаква терапија дали антикоагулантна дали прогестерон. Доколку недај боже не е нешто како што треба, зошто да примаш непотребно инјекции?! Ако се работи за биохемиска, крварењето може да биде одложено заради прогестеронот и да бидеш во заблуда се до прв преглед. Да не збориме дека може да биде премногу опасно ако се примаат клексани или аспирини, а станува збор за вонматерична или моларна бременост. Следењето на бета барем два пати дава отприлика слика дали бременоста се развива како што треба или не. Секогаш постои ризик за спонтан, но најчесто уште од старт има индикации дека нешто не е како што треба и најчести се спонтаните во првите недела-две. @ShtruMfeticka честитки, се надевам дека се ќе биде како што треба овој пат
А колку дневни ембриони? Мене со 2 бласто рез ми беа 8mi 83 10ti 283 12ti 736 на 14ти не направив, ама сиг >2.000 ќе ми беа пошто секогаш повеќе од 3 пати беше зголемена вредноста. Тек во вторник сум на ехо и едвај чекам да видам дали се близнаци
Здраво. Ве молам за совет. Последна менструација ми е на 04.07, во просек ми доаѓа на 28 ден, но варира од 26-29 ден максимум. Денес е 29ти ден, сеуште ништо нема, а до досегашното искуство би требало да пробие до денес. Вчера правев 2 теста - негативни. Од симптоми имам само болка во половина и многу малку леплив секрет (слично на овулација). Имавме незаштитени односи речиси секој ден во плодните денови. Ве молам за совет дали да правам денес повторно тест? Или утре сабајле со прва утринска. Или да почекам повеќе денови со оглед на 2 негативни вчера.. Нетрпелива сум.. Ви благодарам