Дали гледате втора цртка? Мноооогу е бледа, на слика дури и ич не се познава мислам. Тестот е направен неколку дена пред циклус.. Нез ни што ми текна да направам
Девојки здраво Првиот тест правен на 4дена доцнење не знам дали се гледа но има ептен бледа линија и се појави веднаш по правење на тестот На 5дена доцнење правев два теста попладнето и се негативни Денес веќе 7ден доцнење ги направив останатите два од сликата и тие се негативни Што мислите постои бременост или само лажна надеж?
Направи со утринска за секој случај, но на 7ми ден доцнење во било кое време од денот ќе покажеше. Можеби имало биохемиска..
Ке направам деновиве, инаку имам доста грчеви во стомакот,надуеност и осетливи брадавици. Дали после биохемиска се продолжува нормално или ке треба да пијам нешто?
Во принцип со циклус се исфрла тоа малку што било формирано и не треба плус терапија. Ако ти доцни уште, а тестот е негативен, посети гинеколог побрзо
Додека не добиеш се е можно, не губи надеж, можеби си имала доцна овулација. Повтори го тестот со утринска и денес и утре и следи како ќе биде. Ти пуштам среќа