Мене па ич не ми е јасно, ви кажав двајца доктори ме гледаа установија биохемиска или вонматерична кажа др.Трајковски, а нигде не го гледаат плодот на вонматеричната. На матката нема ништо
Ај ја ко првооделенец да повторам 03.11 последен циклус 1прашање Видоа овулација сеа на ехо вчера некни дене? Позитивните тестови коа дата беа? Бетата кога е проверувана? Ај од почеток изнапиши се ако не те мрзе пошто многу нелогичности има
На 15.10 стоп инекција и активни до 19.10 Менструација на 03.11 до 06.11 Од 09.11 до 15.11, Прва бета правам на 13.11 и е 386.5. Одм на преглед ми кажуваат дека нема ништо биохемиска. Бета пак на 15.11 изнесува 481.4, на 18.11 изнесува 559 и одам кај Трајковски, ви пишав што кажа. Денес на 20.11 бета изнесува 680. Во меѓувреме овој месец имав овулација и го установи Трјковски во понеделникот на преглед, јајникот овулирал викендов. Исто така кажа нема ништо во матката. Од денес ми почна темно кафеав исцедок
Бременоста не е уредна. Бетата расте многу неправилно. Има отстапки кога се работи за бета над 1000, ама твојата е многу ниска. Како и да е, бетата е мала да се види било што во матката. Ама не се оставај така, обавезно оди кај некој што е стручен да види дали има излив надвор од матката за да се отфрли или потврди вонматерична оти тоа е многу битно во моментов за тебе оти знае да е многу опасно. Што и да излезе, со лесно нека е, и следен пат ти посакувам да е успешно.
Најбитно Ако веќе има бременост (што е утврдена по бетата) Како може трудна жена да има овулација?(ОВА МИ Е БИТНО ДА ОДГОВОРЕ НЕКОЈ ШО Е МЕДИЦИНАР) Тогаш не си бремена и нешто друго ја крева бетата и крвариш Пап тест кога имаш правено последно?
Можно е да се овулира за време на бременост, но тоа се многу ретки случаи. Може дури и повторно да забремени со друг ембрион, состојба наречена суперфетација.
Види Димитров дали може во Систина да те прими меѓу пациенти ако е уште на работа. И прашај за сите недоумици што ги имаш и што ги доби овде, има ли нема бременост, рано е или не, вонматерична, биохемиска, мисед, се испрашај си и нека ти каже што да искчлучиш да не си правиш стресови.
Можат поретко цисти не дај боже ако ги имаш.Се викаат цисти на жолто тело.Се надевам дека не е тоа.Друго не знам или пак си бремена ама бавно расти бетата
Со позитивна бета пиеш кломифен и имаш овулација??? Докторот е на тешки дроги, ако воопшто доктор ти кажал така. Настанала бременост, тоа е факт. Исто така е факт дека не е уредна и оди на лекар да видиш што се случува. Каков кломифен и овулации со позитивна бета
Ама таа не е останата бремена од циклусот на 3ти ноември. Според она што пишува таа е останата бремена од циклусот што бил некаде на 3-4ти ОКТОМВРИ. НЕ ПОСТОИ можност на 03.11 да добие циклус а на 13.11 да има бета 380.
Бев на преглед во Систина, докторот истото нема ништо телото само ќе се исчисти потребно е време и на крв да покаже, рсте по малку зашто може уште малце останало и само ќе се исчисти. Не сум за инекции. Кажа да се смирам секое тело е различно и да престанам да правам бета, тек за 1 нед да направам. Иначе виде и дека на десен јајник ми се случила овулација сега брзо
Смири се не можеш и да сакаш ништо да смениш тоа што треба да биди ќе биди.Се се случува и вакви чудни ситуации.Тоа што е твое ќе си дојде еден ден
Ти благодарам да прочитав секако прв пат пиам..ме фати паника и морав и сабајле одма испив направив тест после 17-18 дена од односот доволен период нели
Здраво девојки, овулација имав на 08.11, а тестовите ги направив во вторник (11 денови после овулацијата), не знам колку се приметува има ептен бледа цртичка. Ден за (не)добивање ми е на 23/24.11. Знам дека премногу рано ги направив тестовите, денес пак направив и исто, ептен ептен бледа... Ќе почекам до недела понеделник ако не добијам ќе го повторам. Ептен зум збунета, мислев дека денес би требало да беше малку појасна втората... Се надевам ќе видам појака втора цртичка...
Честитки, со лесно. Јака цртичка ќе имаш кога ќе ти доцни, а тебе сеуште не ти доцни, така што линијата си е сосем нормална.