Zdravo rizicen odnos imav na 21 noemvri posleden den mens sega treba da dobijam na 16 dekemvri Da napravam test utre ke mi pokaze tocen rezultat
Здраво сакам да ве прашам за мислење дали има простор за паника дали на тестот има втора бледа линија? Тестот е направен 7 дена пред добивање
Па гледам некоја сенка. Само можно е да е евапорациска. Најдобро преку крв да си испиташ и најсигурно.
Дали тоа значи дека е неправилно направен бидејќи јас колку што читав доколку после одредено време се види тестот дава невалиден резултат а ова се појави на 4та минута?!
Дали тест може да даде погрешен резултат доколку е со поминат рок на важност ? Имав два теста купени уште од лани labo quick, на пакувањата пишува мај 2023, чувани се во кутија во спална соба ?
Не, тоа значи дека е невалиден. Направен е правилно, европациска е линијата што си ја им тестот општо. Розе треба да е за да е позитивен, сива е европациска. Почекај ден за добивање, вака порано не може да знаеш.
Јас не гледам линија, ама многу рано е направен. Ако секогаш добиваш на 28 ден, најрано ден пред циклус направи и тогаш е прашање дали ќе покаже. Кај некои покажува ама ретко и што имале рана овулација. Ако ти е покасно овулацијата нема шанси толку рано да покаже. Фактички 3,4 дена после однос, невозможно.
Јас направив тест 7-9 дена пред добивање со третава бременост и имав бледа цртка... бета 5-6 дена пред добивање 235..
Женски Феминки ве молам за помош незнам дали да плачам или да се смеам…не ми е верно нешто вакво. Со мажот ми сме долги години заедно и имаме 2 деца. Со првото останав трудна после 7 месеци обиди а со второто после 5 месеци. Заштита не сме користеле никогаш само со pull out. Децата ми се 3 и 2 годинки. Трето не планиравме во блиска иднина. Живееме во Германија, помалото ми тргна во градинка а јас се вработив конечно на работата за која сонував одамна од кога дојдов тука. Да преминам на главното. Пред месец и кусур бев на редовна контрола кај гинекологот и ми вика као ај бе да ставиме спирала да си се опуштате со сопругот да не се стега. Тука 90% од жените се со спирала. Сигурна е 99,9%. Со мажот ми зборам вика ајде бе зашо да не. Брзо се заврши работата ние си се опуштаме цел месец дури одушевени шо убаво било да не се замараш со позиции, нозе у вис и остало. Ми касни една недела веќе а ми е редовна ама не се замарав викам од разни ствари може да е. Маж ми вчера вика абе да не си трудна да напраиш тест. Викам не треси глупости не е можно. Ама приметив последните 2 нед невиден умор а тоа со двете деца ми беше прв ран симптом. Цела вечер не сум спиела го мислев тоа сабајле рано избуричкав најдов еден стар тест си викам ајде бе колку да ми се смири психата нема шанси да сум трудна. По 3 минути појавување жар црта. Ќе се онесвестев. Го будам маж ми незнае шо гледа. Двајцата сме денес незнаеме кај тераме. Сабота е тек во понеделник ќе му се избацам на гинекологот ни термин ни ништо со тестот и таа спиралат. Извинете на предолгиот пост ама незнам што да правам како е возможно вакво нешто. Дали е можно тест да е лажно позитивен или нешто друго. Главата ми е хаос. Само што почнавме да се средуваме, куќа бараме да купиме. Јас имам договор на 1 година првата година. Да не ми спомнеше док спирала немаше да ставам ќе си теравме ко до сега. Неубаво ли ја наместил. Шо да правам сега плачам од прееска. Да не им некоја до сега вакво необично искуство или знае некој што имал?
Единствениот метод кој е 100% безбеден е апстиненција. Сите контрацептивни методи (спирали, кондоми, таблети) се 99% или помалку. Генерално вршат работа, ама не е загарантирано дека нема да настане бременост. Едноставно ти си тој 1%. Жар црвена линија не може да е лажно позитивно. Ако размислуваш да го задржиш, распрашај се убаво за спиралата, не знам дали може да стои во тек на бременост.
Верувам дека ти дошло шок и неочекувано, ама нема што да се прави. Биднало. Нема зошто да плачеш. Ако сте сигурни дека не сакате уште едно ќе го абортираш. Ако е рано, ќе ти дадат таблети. Ако се мислите дали да го задржите, не носете брзи одлуки за абортирање. Опциите се тие. 100% заштита од бременост е само и само немање секс. Се друго може да потфрли евентуално. И јас лично најмногу верувам во пул аут метод и во мој случај се покажало до сеа најсигурно. Не верувам во прикаски од типот - “не знам како деси” и дека е предсемената крива.
Работата е што кога разговаравме за спиралата ми објаснуваше дека процентот е помалку од 1% и напомена дека шансите за бременост биле поголеми од предсемема него ли од спиралата. До сега проблем немавме со pull out ни па нешто многу пречеше. Што ми требаше оваа глупост. По природа сум скептик и не сакам да пробувам нови работи и сега ајде да не сум таква ете ми. Душа нема да ми даде да абортирам од друга страна имам 2 деца и можност за многу стабилна иднина за сите. Сами сме овде помош од никој немаме претешко е се сами со децата уште се мали. Ќе пукнам до понеделник дур не одам на доктор. Незнам и тестот 2 години е стар можда да не ме работи ко шо треба си викам…
Можеби така требало да биде на крај. Ако ти е некоја утеха и јас сум во Германија. Сами сме овде, на пат е трето. Јас немам доверба ни во спирали ниту сакам со пилули да се трујам, само пул аут до сеа, освен тогаш кога сме планирале. Земи си нов тест да потврдиш, па што и да излезе, нека е со лесно.
Го пуштив маж ми да ми купи најскап тест. Ми донел Clearblue со недели шо покажува. Го направив и резултатот е 2-3 недели трудна. Тоа е тоа. Ќе мора да се донесе здрава одлука. Од секогаш сум сакала 3 деца и планиравме здравје за некои 5 години можеби да пораснат децава да се средиме со куќа ама никогаш не иде по план. Емоции измешани хаос се надевам правилна одлука ќе донесеме. Ви благодарам на споделеното мислење а на тебе со лесно до крај и секоја чест на храброста ❤️