Ајде да пишам и тука. Денес 32ри ден од циклус, симптоми како за добивање со боцкање во стомакот и кичмата, главоболка, бел исцедок. Правен тест на 28ми ден негативен. Правен уште еден синоќа повторно првите 5 минути ништо не покажува, негативен. Сабајлево кога да го фрлам забележувам уште една бледа линија, дали е можно да е позитивен или сепак е евапорациска линија ? Знам дека валидни се првите 5-10 минути Ги чувам и двата но покажува бледа линија само на овој. Се надевам ја гледа некој па нека пише искуство. Инаку активни за второ бебенце.
Здраво девојки ме интересира ваше мислење, ми доцни 2 дена направени два теста вчера и денеска но и двата негативни. Не користиме заштита, но сме претпазливи секогаш. Дали е рано уште да покаже на тест или можно да е од друго доцнењето на циклусот?
Ти доцни од друга причина. Штом нема свршување шансите за бременост се никакви. Ти доцни од стрес ако си оптеретена со тоа. Јас со активно свршување и еве три дена доцнење, правени тестови негативни па мислам дека ќе добијам.
Се паничам многу да не не покажуваат точно тестовите, да не ги направив прерано дека само 2-3 дена ми доцни
има тестови што се може да се користат 8 дена после ризичен однос, и останатите покажуваат точно ден каснење очигледно си под стрес ти касни поради тоа ќе ти дојде
Лабоквик ли се тестовите? Јас немам видено евапорациска на лабоквик. Линијата убаво ја гледам на твоите тестови и симптомите што ги опиша можат да бидат за бременост... знаеш ли кога овулираш? На колку дена ти се циклусите, колку дена ти касни?
Да, лабоквик беа. И јас се зачудив но најверојатно се покажа дека е евапорациска затоа што синоќа добив. Но имам големи болки во кичмата и стомакот. Инаку редовен циклус имав 28 29 дена , овулацијата незнам кога е, точно немам следено но претпоставувам средина некаде . Откако почнавме со обиди циклусот доцни по 3 дена и затоа се понадевав.
Со ваква линија на лабоквик јас имав бтцг 50 кога прокрварев. Најверојатно била биохемиска бременост, барем кај мене тогаш така беше.
Провери денес пак со лабоквик. Може била покасна овулација. Ако си во можност провери и bhcg за да знаеш ако имало нешто.
И јас имам такво искуство пред првата бременост. Вакви два лабоквик теста со ден два доцнење со бледи линии па добив после крварење и болки како сега и додека појдам на доктор веќе беше доцна, биохемиска било бетата паднала. @Joanna28 Немам можност за проверка на бета а тест мислам е залудно да правам. Можеби и не требаше да го гледам отпосле тестот ептен тешко ми падна се сетив на тогашните моменти