Женски дали лабоквик е најточен, зошто шурчек не ми е многу релевантен како порано во однос на квалитет
Жени. Последна менструација на 27ми Декември. Јануари со болна доцна овулација проследена со кафен исцедок неколку дена, незаштитени односи со свршување надвор на 20-21 Јануари-една недела пред да треба да добијам. Овулацијата некаде до 17ти ми беше(барем така мислам). Ми доцни 4-5 дена, направен тест вчера негативен. Моментално на 38ми ден од циклус, никакви симптоми ни за бременост ни за добивање. Мислење?
Хелоу женички. Направив тест на еден ден доцнење, би сејф и две жар црвени линии. Бета хцг преку крв 1328. Прашањето ми е дали се ова нормални вредности. Последна менструација ми беше на 05.01 така да не знам баш како оди тоа со неделите
А дали е нормално што немам никакви симптоми? Ниту ми се гади, ниту повраќам. Имам само некоја тапа болка во јајници и осетливи гради.
Normalno e ... zavisi od zena do zena sekoja ne e ista ... uzivkaj si vo bremenosta majka i site da si docekate dve zar crtki da dobiete
Не очекував дека ќе се најдам во скоро време во трудничкиве муабети, па малку сум во шок и со еден куп прашања. Се уште процесирам инаку некоја нецела петта недела сум, се виде некоја црна точка на ехото па ќе одам за две недели пак. Земав да пијам новалак. Инаку пушач сум, па тука мака огромна мачам да намалам, со крајна цел да баталам цигарите и така. Дај боже сите да се израдуваат што поскоро
нормално е, ама и уште ти е рано. трета бременост ми е ова, после 6-7 ма недела секогаш ми почнувало гадењето, јас сум пушач исто и тоа по две кутии цигари на ден пушев, со сите три бремености после 6та -7ма недела не сум можела да помирисам цигара не па да запалам. со лесно
Леле исто, по две пушев. Сега намалив на пола. Ама се трудам секој ден повеќе и повеќе да намалам. Ова со цигарите најтешко ми падна. Не ме напаѓајте
Скроз нормално, уживај во бременоста, јади си и не си барај маки . Ни јас не повраќав, гадење имав од 6-7 недела до кај 10-12.
Селф клир пак даваат евапорациски, да знаете да не се зафркнете како мене. Вчера правев на 11 дпо ми покажа пребледа линија и тоа во првите 2 мин, денес правев Лабоквик ништо.. Иако имав читано дека и претходно правеле така пак си се понадевав, не знам ни ја зошто воопшто купив тест кога немам никаков симптом само бетер си напраив
Може и да е рано.....мојот доктор вика дека тест може најрано на 12ти ден да се направи. Колку дневен ембрион имаш вратено? Утре провери си преку крв.
Тогаш, дефинитивно е рано. Направи тест ден-два после терминот за добивање. Може да ставиш слика од Селф клиар-от?
Не знам дали ќе успеете да ја видите пребледа беше ама во живо се гледаше, се појави во првите минута, две. Ама сигурно е евапорациска, Лабоквик денес е негативен