Затоа реков, се гледаше во живо дефинитивно преебледа, ама секако е неважно бидејќи денес е негативен лабоквик
Инсеминација ми беше на 14.02, не знам што ме натера правев селф клир синоќа, негативен беше. Сабајлево го повторив ама не со прва урина. Светлото ми беше слабо, ја тргнав пластиката од тестот за убаво да видам, имаше втора бледа. Ќе повторам секако, ама ваше мислење дали може да е евапорациска, и кога најрано може убаво да ми покаже?
Рано е за тест и сама знаеш. Ако си примила стоп инекција бледата линија може и од тоа да е. Почекај 14 дена за домашен тест или ако сакаш преку крв можеш и порано, на 12ти ден, ќе покаже. Имавме на форумов случај со негативен домашен тест после 14 дена, а позитивен на 16 дена така што во секој случај тебе ти е рано. Ти посакувам среќа.
Јас само осетливи гради имав, и мислев ќе добијам секој момент. Затоа од 5та недела до 13та црева истурав па и на инфизии завршив. Не барај симптоми, не сакаш верувај хахаха.
Поминаа три недели и 3,4 дена после однос, и не сврши а пред 5 дена требеше да добијам менструација дали после односи доцни менструација? Секако ќе направам преглед но ме занима и ваше мислење
Тешко се наоѓа. Јас имам купувано од аптека во т.ц Бисер Аеродром, не беше од овие познатите со ланец аптеки
Да премногу е рано ама срце не додржа па направив тест... сега ќе почекам да ми доцни па ќе правам уште еден
Барем на денот за добивање ако ти е точен циклусот секако. Тоа е најрано што може да се види. Посакувам да видиш две црти.