Колку ембриони вратија? Да не е вгнезден покасно вториот ембрион? Или била бетата повисока па било биохемиска и не е скроз падната бетата па затоа ја детектираат тестовите уште Или не било циклус тоа крварење Нова бета ке ти ја реши дилемата
Да, јасно ама баш личеше на циклус. Три дена де кафено, де црвена крв иако влошки стварно не полнев скроз. Бета после тоа не правев пак. Ќе видиме утре, само кој вечерва ќе заспие. Тенкс
Можеби ама само претпоставка ова,првиот пат да била бетата повисока.Па тогаш да имало евентуално можна грешка во резултатите.Ама од друга страна и тестот велиш негативен бил
Едино да се фатило да било биохемиска и да не си изчистена убаво со крварењето Како и да е на др мораш да одиш да видите шо се дешава
Па би било 22 дена после трансфер ако не го рачунаме крварењето како циклус. Да, тестови преку урина беа негативни. Заклучок беше биохемиска и тогаш па прекинав терапија, но зошто да расте бета.
Утрово вака, има уште ама бледее. Така да ова е остаток од биохемиската дефинитивно, докторот ми кажа ќе падне. Не значи дека не е исчистено со циклус туку треба време бетата да се исчисти од крвта. Фала ви на сите за мислите и советите