Јас незнам што гледам и кај да терам??!!! со сопругот сме во шок и тоа каков односи цел живот така сме се пазеле со вадење на време на стомак ми свршувал и се деси ова 6 дена ми каснеше ај ќе дојде ај ќе дојде . си реков некое пореметување е дека малата не цица веќе ама ова не било пореметување а длабоко во себе знаев дека сум бремена. Незнам што ќе правиме 4 то бебе ќерками в година нашколо ќе тргне син ми три другата една ќе наполни ова во јули треба да се роди ако се решам да го родам. а немам срце да го абортирам сакав јас реално уште едно ама не сега таму негде кај 40 години си планиравме да пркнат малку овие другиве. уште никој не знае незнам ни како ќе кажеме срам ми е да кажам од една страна се радувам од друга плачам. Секое дете е благослов и дар пд господ си викам ај ќе се измачиме ќе пораснат на брзина наеднаш така требало да биде . Дај жени утешете ме???
Веки, така требало да биде Ако сте способни финансиски и психички, раѓај. Нема шо да се мислиш И честитки
Така сакало да бидне. Јас ти честитам од срце. Доколку сте во можност, ма ич да не се мислиш. Ќе пораснат дур трепнете!
Твоја е одлуката, секако и на сопругот, ако можете финансиски, ако не, имаш избор секако, ти посакувам многу среќа!
А замисли таму накај 40 сакаш правиш уште едно и не се фаќа. Не знам колку години си ама до 40 ќе пркнат и ова и останантите. Кога веќе сте биле со план и желба за уште едно еве гоо доаѓа
бев на контрола 5 недела веќе се гледа ембрионче душа моја се стопив тоа е ќе се измачиме малку сма најубав поклон ќе имаме баш доаѓа. инаку 32 полнам во март.фала ти немам јас такво срце да абортирам дете. ќе си го родам само да е во ред се
Годините ти се таман за 4то до 40 ихааа пораснати децата ти на раат да здивнеш малку, во најубавите години. Со лесно само.
Ako si imate finansii ic da ne mu ja mislis, poubava slika denes od ova nemam videno Cestitki Majka ic da ne mu ja mislis drugite sto kje kazat samo na vas da vi e ubavo
Ама убави цртки Бременоста и децата се благослов да ама не по секоја цена Финансиски треба да си стабилен и сеа и после пример 10 15 год ај сеа алишта од другите ама средношколци? 4јакни и 4 чизми секоа зима 4џепарлаци 4 викенд испаѓања Одмор за 4 деца и многу други ситуации Небитно, ако сте психички физички и финансиски ок тогаш задржи го И да абортираш нема да е крај на светот Избор имаш и ти и сопругот ке си одлучите Со среќа што и да одлучите
Се решивме ќе го родам ако е се во ред мора прво нифти да правиме здравје боже ради мојот кариотип Уште ми е чудно и неможам да се навикнам да поверувам дека сум бремена. како да сум се осеќам се најнормално. Останатите никој незнаат кога ќе им кажеме
Вие да сте среќни и да ти е со лесно, школска уредна бременост да имаш. За другите ич да не ти е гајле
Јас сум среќна секако малку и исплашена така бев и за третото па среќа тоа се погоди мирно глас да не пушта како да немам бебе еве ја порасна. утеха ми е тоа дека брзо растат. А самото правење тест тие две цртки кога ќе ги видиш живот значат. добро сега последнив пат шок ме мавна се тресев цела кога ги видов жар двете целото носење бременост па ќе почне да прета во меше па еха си го гледаш. пораѓај кога ќе се сретнеш конечно за прв пат после 9 месеци тоа е нешто најубаво за мене нема поубаво ! јас уживав со сите три додека ги носев се надевам и со ова ќе биде така и ќе имам убава бременост и убав пораѓај . со другите поминав супер на пораѓајите посебно со третотоо са саат ипол беше се ни шиена ни ништо ко да не родив. самата на себе си се чудев што се случи тогаш. од пто бев збунета ми викаа што ти што си збунета радувај се . ајде ќе пораснат бргу . Само ме плаши мајками највеќе она ќе ме кара како ќе и објаснам дека не е намерно
Треба да добијам 16.11. Но болките во јајнициве ми се преголеми затоа го направив тестот… и многу сум поспана. Пробуваме овој месец и во плодни денови.