Девојки ПОМАГАЈТЕ, последна менструација 14ти Ноември, незаштитен однос на 29ти ноември. Менструација немам сеуште. Вчера правев тест попладне не со утринска, шур чек и негативен и го оставив така разочарана не го ни фрлив ... Сабајле онака го погледнав 2 линии црвени баш???? Како е можно ??? Има некој вакво искуство? Симптоми ништо ...
Колку ти трае еден циклус.Ако добиваш отприлика на 28дена,ти доцни скоро недела.На недела доцнење би требало да покаже.Повтори го
На 32 дена просечно...никогаш не е до ден ..30,31,32,33 ...не знам ни јас... Се плашам да го повторам.
Повтори го и прати ни ги цртките. Денот за незаштитен однос си го потрефила, шансите реално се големи
Фала ти многу! Ама зошто во првите минути беше негативен баш ..а следниот ден 2 црти. .. не сфаќам ..ама ќе повторам
Може си ставила малку капки мокрача (не знам, лупам). Јас две години се трудев за дете, безброј тестови напраив и ниеден не ми воскресна позитивен утредента
И мене за второ ми беше и успеав на крај, бремена сум. Го знам разочарувањето од негативни тестови ама нема теорија негативен тест да стане позитивен, не сум слушнала до сега нешто такво а и мене не ми се десило. Без стрес, направи си сабајле тест и види на што си.